Отсега сите корисници на Vip Постпејд имаат можност да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје од својот мобилен телефон. Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направите е да ги следите следните чекори.

За да можете да купувате билети, потребно е претходно да ја активирате услугата. За активација пратете SMS со текст „START" на бројот 14 11 14, активацијата е бесплатна. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешна активација на услугата.

Чекори за купување билет со мобилен:

  1. Завртете на бројот 185 и приближете го телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот.
  2. Апаратот ќе ве регистрира – при успешно купување ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот.
  3. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Чувајте ја SMS-пораката до крајот на возењето.

Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување билети од вашиот мобилен телефон е 1 800 денари.

Корисен совет: Откако ќе го завртите бројот 185, ви препорачуваме телефонот да го приближите што поблиску до апаратот (валидаторот) во автобусот, а звукот на телефонот да ви биде поставен на максимум, за да може апаратот полесно да го регистрира звукот/повикот, поради можна бучава во автобусот.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.