Како да го нагодам мојот iOS телефон/таблет за да имам мобилен интернет и ММЅ услуги?

За да можете да користите мобилен интернет или ММЅ сервис, потребно е да се направат прилагодувања на Вашиот мобилен уред со iOS оперативен систем. Кај некои уреди, тоа се прави Автоматски при вметнување на Vip SIM картичка, додека кај некои уреди подесувањата се прават рачно.

Погледнете го видео туторијалот "Автоматско и мануелно подесување на мобилен интернет и ММЅ услугите за iOS уреди"

 

Автоматско подесување на мобилен интернет и ММЅ поставките*

Кај Apple уредите кои работат со iOS оперативен систем на верзија 9 и нагоре, поставките за превземање интернет и ММЅ сетинзи се прават автоматски.

  1. Притиснете “Settings”, “Cellular”, “Cellular Data Network”
  2. Во горниот дел на менито, во субменито “Cellular Data”,  во полето “APN” треба да биде впишано “vipoperator”.
  3. Делот за “Username” и “Password” не се користи.
  4. Во долниот дел од менито, во субменито “Personal Hotspot”, ќе биде впишано “vipoperator”.
  5. Делот за “Username” и “Password” не се користи.
  6. Доколку во “APN” полињата не е впишано “vipoperator”, притиснете “Reset Settings”
  7. Системот ќе Ве запраша дали сакате да ги ресетирате поставките за интернет и да го вратите уредот на фабричките поставки.
  8. Притиснете “Reset” и системот ќе ги врати оригиналните поставки.

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на мобилен интернет и ММЅ услугите.

 

Рачно подесување на интернет поставките

Кај Apple уредите кои работат со iOS оперативен систем на верзија 7 и 8, поставките за интернет и ММЅ сетинзи ќе треба да се направат рачно.

За креирање на поставки за мобилен интернет потребно е:

  1. Притиснете “Settings”, “Cellular”
  2. Потоа, притиснете “Cellular Data Network” и ќе излезе листа која треба да ја пополните.
  3. Во горниот дел на менито, во субменито “Cellular Data”,  во полето “APN” впишете “vipoperator”.

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на мобилен интернет. За креирање на поставки за ММС потребно е:

  1. Притиснете “Settings”, “Cellular”
  2. Потоа, притиснете “Cellular Data Network” и ќе излезе листа која треба да ја пополните.
  3. Во субменито “MMS”,  во полето “APN” впишете “vipoperator.mms”.
  4. Во полето “MMSC” впишете “mmsc.vipoperator.com.mk
  5. Во полето “MMS Proxy” впишете “78.40.0.1:8080”.

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на MMS сервисот.

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на мобилен интернет и ММЅ услугите.

Подолу се дадени сите информации во табела заради подобар преглед. 

Vip APN - ИНТЕРНЕТ  
APN vipoperator
Proxy not set
Port not set
Vip APN - MMS  
APN vipoperator.mms
MMSC mmsc.vipoperator.com.mk
MMS Proxy 78.40.0.1:8080
*Пристапот до менијата на Вашиот андроид уред како и нивниот редослед, зависат од оперативниот систем како и од самиот уред.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања