Како можам да ја активирам услугата Vip Xplore TV и како да се регистрирам?

За да се регистрирате за користење на услугата Vip Xplore TV, можете да го погледнете видео туторијалот или пак да ги следите следниве чекори:

  1. За регистрација, потребно е да отворите интернет пребарувач и најдобро е регистрацијата да ја направите на компјутер или лаптоп.
  2. Напишете vipxploretv.mk и притиснете ENTER
  3. Ќе се отвори веб страницата на услугата и Вие треба да го притиснете црвеното копче “Регистрирајте се“.
  4. Системот ќе Ве префрли на страницата “Креирајте профил“ каде ќе треба да го притиснете копчето “е-мајл адреса“.
  5. Внесете ја Вашата е-мајл адреса која воедно ќе биде и Вашето корисничко име со кое ќе се логирате.
  6. Потоа, внесете лозинка и потврдете ја. Доколку сакате, можете да ги притиснете иконите “око“ со што ќе можете да проверите дали правилно сте ја внеле лозинката.
  7. Потоа, притиснете на црвеното копче “Потврдете“.
  8. Системот ќе Ве исзвести дека Ви е испратена порака за верификација на Вашата е-мајл адреса.
  9. Отворете го Вашиот меил, и побарајте ја пораката која е пристигната од Vip Xplore TV. Доколку пораката не е во влезното сандаче Inbox, побарајте ја фолдерот Spam.
  10. Отворете ја пораката и притиснете на копчето “Потврдете ја Вашата електронска адреса“.
  11. Системот ќе Ве префрли на страница каде ќе треба да го внесете Вашиот постпејд Вип телефонски број.
  12. Внесете го, и приситснете го црвеното копче “Побарај код за верификација“.
  13. На Вашиот мобилен телефон, ќе пристигне ЅМЅ порака со код за верификација, кој треба да го внесете во полето “Внесете код“
  14. После внесувањето на кодот, притиснете го црвеното копче “Потврди“.
  15. Системот ќе Ве однесе на страницата “Одберете го Вашиот пакет“, каде е прикажан пакетот кој ќе го користите. Одберете го пакетот, со притискање на црвеното поле “Vip Xplore TV” и притиснете го копчето “Продолжи“.
  16. Во последниот чекор “Нарачка“, можете да направите преглед на целокупната регистрација, каде е прикажано дека при активацијата, услугата Vip Xplore TV чини 0 денари за првиот месец. Подолу, е прикажана и цената за после бесплатниот период.
  17. Доколку сакате да имате можност да гледате “Емитувана програма 7 дена наназад“, штиклирајте го полето.
  18. Доколку сакате да добивате понуди од страна на Vip, притиснете го копчето
  19. Пред да завршите со регистрацијата, прочитајте ги правилата за користење и штиклирајте го полето “Прифаќам Правила за користење“
  20. На крај, притиснете го црвеното копче “потврди” и системот ќе Ве префрли на страницата за логирање на услугата Vip Xplore TV.
  21. Внесете го пинот на главниот корисник и потврдете го. Притиснете го копчето “Следна“.
  22. На следната страница, одберете го нивото на родителска контрола. Доколку сакате, штиклирајте го полето “Овозможете гледање блокирани програми и притиснете го копчето “Следна“.
  23. Ќе се појави известување дека Политиката на приватност на податоци е ажурирана. Доколку сакате да ја прочитате, притиснете на линкот “Тука“. На крај притиснете го копчето “потврди.

Системот ќе Ве префрли на главната страница од услугата каде веќе ќе бидете логирани.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања