Дали може да си го задржам истиот фиксен телефонски број кога преминувам во Вашата мрежа?

Да, услугата „Преносливост на број“ Ви овозможува да го пренесете својот телефонски број заедно со префиксот во мрежата на Операторот, од која било мобилна или фиксна мрежа. Оваа услуга е достапна за сите корисници во мобилниот и фиксниот припејд и постпејд сегмент, за пренесување претплатнички број, од која било национална телекомуникациска мрежа, кој претплатникот има право да го задржи при промена на оператор и/или промена на географска локација во рамките на исто географско нумерациско подрачје (при пренесување број од една во друга фиксна мрежа).

 

Целата процедура за пренос на бројот ја презема Операторот, а корисникот треба само да пополни барање во нашиот продажен салон.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања