Каква важност имаат ПИН и ПУК-кодовите на мојата SIM-картичка?

ПИН-кодот (ПИН 1) е 4-цифрен личен код, кој се внесува секогаш кога сакате да го вклучите Вашиот мобилен телефон и служи за заштита од неовластена употреба на Вашиот телефон. Користењето на ПИН-заштита (Personal Identification Number - PIN) на Вашата SIM-картичка не дозволува неавторизирано користење од трети лица, без разлика во кој телефон ќе се стави SIM-картичката. Доколку ја користите оваа опција постои помала веројатност од злоупотреба на Вашиот телефон и Вашите профили поврзани на телефонот.

ПИН-кодот може да бидат променет од страна на корисникот, доколку се познати стариот ПИН или ПУК-кодот од картичката. Препорачуваме да користите ПИН-код што ќе биде лесен за памтење, но внимавајте ПИН-кодот да не биде формиран од бројки што се повторуваат или имаат општо логички распоред (пр. 0000 или 5555 или 1234) бидејќи се полесни за погодување и злоупотреба од страна на трети лица.

ПУК-кодот (PUK 1) e 8-цифрен код, служи за ресетирање на ПИН-кодот во случај да биде заборавен од страна на корисникот т.е. се користи доколку го блокирате Вашиот мобилен телефон што се случува доколку трипати едноподруго внесете погрешен ПИН-код.

ПУК-кодот не може да биде променет од страна на корисникот.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања