Како да станам Vip Постпејд корисник?

За да станете наш постпејд корисник потребно е да посетите некои од нашите продажни салони заедно со потребната документација и да потпишете соодветен кориснички договор.

Постпејд корисник можете да станете и онлајн, преку нашата web странa на следниот линк: https://www.vip.mk/eshop

Потребно е да ги пополните формите за нарачка, да одберете уред, и на тој начин да станете наш постпејд корисник.

Документи потребни за приватни корисници

  1. Еден валиден документ за лична идентификација со слика - лична карта или пасош;
  2. Платена сметка* од изминатите два месеца од други сервисни компании издавачи на сметки (од фиксна телефонија, мобилна телефонија или електрична енергија) за проверка на адресата на достава на сметките.
    *доколку адресата од личната карта и сметката во прилог не се совпаѓаат, потребни се две платени сметки.
  3. Согласност за проверка на платежната способност (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје), документот го обезбедува продажниот салон: 

Документи потребни за деловни корисници

  1. Извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 1 месец. Документот може да се обезбеди во продажниот салон. Надоместокот од 236 МКД за услугата ќе биде наплатен во првата издадаена фактура;
  2.  Валиден печат од правниот субјект;
  3.  Потписен картон на жиро - сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката - депонент;
  4.  Извод од банкарска сметка не постар од 30 дена;
  5. Лична карта или пасош од лицето што го потпишува договорот (законски застапник, вработен или трето лице, кое е овластено со нотарски заверено полномоштво) – на увид;
  6. Доказ за платежна способност издаден од банката-депонент (извештај за солвентност издаден од банката) – за барања за повеќе од 10 претплатнички линии;
  7.  Бонитет, односно извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар на РМ, за барања за повеќе од 25 претплатнички линии;

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања