Немам кредит на припејд бројот, како да направам повик?

Доколку немаш кредит на твојот припејд број, тогаш може да го направиш следново:

1. Испрати бесплатен ЅМЅ со кој ќе прашаш некого од своите пријатели да ти ја надополни сметката.

Напиши го бројот на пријателот во формат 3897ххххххх или 07xxxxxxx и испрати бесплатна ЅМЅ порака на бројот 144222. Тоа лице автоматски добива SMS што кажува дека ти сакаш тој или таа да ти ја надополни сметката, со упатства како да го направи тоа. Пораката можеш да им ја испратиш на сите Vip корисници, и припејд и постпејд.

2. Искористи ја услугата SOS Кредит. Испрати SMS со содржина SOS на бројот 144333. Доколку твоето барање е потврдено, 30 денари SOS Кредит ќе бидат префрлени веднаш на твојата сметка, по што ќе добиеш SMS известување. При следното надополнување од твојата сметка ќе бидат повлечени добиените 30 денари, како и 5 денари за пратената порака.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања