Како да преслушам порака од мојата Vip секретарка?

Откако сте пристапиле кон Vip секретарката со повик на бројот 1222, пораките ќе ги слушнете една по друга. Пред секоја порака ќе слушнете информација за датумот и за времето на пристигнување на пораката, како и бројот на повикувачот ако успешно е пренесен до Vip мрежата. Ако во текот на преслушувањето притиснете 0 за помош, Vip секретарката ќе Ве упати во опциите што ги имате на располагање.

  1. За повторно преслушување, притиснете 1.
  2. За бришење порака, притиснете 2.
  3. За да преминете на следната порака, притиснете 3.
  4. За враќање на претходната порака, притиснете 6.
  5. За враќање на главното мени, притиснете *.

Истите опции ги имате на располагање и во текот на преслушувањето на секоја поединечна порака.
Напомена: Избришаната порака ќе биде отстранета откако ќе ја прекинете врската. Во текот на идниот пристап кон Vip секретарката и преслушувањето на пораките, избришаната порака веќе нема да ја има.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања