Како ми се наплаќа користење интернет во странство?

Колку ќе Ве чини користење интернет во роаминг, зависи од:

  • Земјата во која престојувате
  • Кој роаминг партнер (оператор) го користите
  • Дали користите интернет на Вашиот мобилен телефон или пристапувате на интернет преку лаптоп користејќи го мобилниот телефон како модем
  • Колку MB (мегабајти) трошите додека сте на интернет
  • Какви содржини прегледувате на интернет и дали преземате музика, слики, видео итн.
  • Имајте ги предвид следните совети во врска со користење интернет:
  • Користењето интернет додека сте во роаминг, се заокружува на сообраќај од 100 KB.
  • Секое заокружување на сообраќај од 100 KB се вика интернет-сесија. Доколку повеќепати се приклучувате на интернет и се исклучите, а искористите помалку од 100 KB, ќе ви биде наплатено како да сте потрошиле 100 КB за секоја интернет-сесија посебно. Затоа, додека сте во странство и имате потреба од интернет, најдобро користете интернет во поголеми/подолги интервали (интернет-сесии) бидејќи на тој начин ќе платите помалку, а ќе искористите повеќе интернет-сообраќај
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања