Дали можам да го продолжам мојот договор онлајн?

Обнова на постоечки договор on-line e можно доколку сакате да го обновите Вашиот договор и воедно сакате да купите нов мобилен телефон, таблет или лаптоп компјутер. Тоа можете да го направите на следниов начин:

  1. Отворете интернет пребарувач (наша препорака е да работите со Google Chrome) и во лентата за пребарување впишете www.vip.mk
  2. Во хоризонталната лента на менито, одберете “Уреди“ и во подменито одберете:
  3. Одберете уред кој сакате да го купите и притиснете на него.
  4. Одберете тарифа на која сакате да го обновите Вашиот претплатнички договор и притиснете на црвената корпа за купување
  5. Системот ќе Ве однесе на страницата “Информации за нарачка“ каде Вие ќе треба да одберете “Обнова на договор“ и внимателно да ги пополните бараните полиња.
  6. Во рок од 24 часа ќе бидете контактирани од наш продажен агент за утврдување детали околу нарачката.

Постапка за купување услуги и производи преку веб-страница www.vip.mk има право да иницира секое деловно-способно физичко лице, државјанин на Република Македонија, со постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, како и овластените лица за застапување на правните лица со регистрирано седиште на територијата на Република Македонија.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања