Брзина на симнување преку интернет?

Во зависност од избраниот пакет, вие имате соодветна интернет-брзина изразена во Mbps (megabit per second / мегабити во секунда).
Преземањето датотеки преку интернет се мери/изразува во MB/s (Megabyte per second / мегабајти во секунда).

Пример:
Доколку имате интернет ограничен на 50 Mbps, вие би требало да симнувате датотеки со брзина од 6.25 MB/s*.

Па така, доколку симнувате датотека од 4GB (или 4000MB), неа ќе ја симнете за 645 секунди (или 11 мин.)**.
(4000MB ќе го поделите со 6.25 (брзината на симнување во MB/s) = ќе ги добиете секундите потребни за симнување на датотеката.)

*Конвертирањето на Mbps во MB/s се прави на следниов начин:
единицата-број на Mbps се дели со 8 = бројката добиена е вредноста во MB/s.
(бидејќи 1MB = 8мегабита)
10Mbps = брзина на симнување 1.25 MB/s
50Mbps = брзина на симнување 6.25 MB/s
100Mbps = брзина на симнување 12.5 MB/s

**Брзината зависи од повеќе фактори, датотеката што ја симнуваме да нема ограничена брзина, софтверската состојба на вашиот PC и друго.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања