Како да го поврзам телефонот?

Во зависност од тоа каква услуга користите, телефонскиот уред можете да го поврзете на следниве два начина:

1) На сликата подолу е прикажан пример на поврзување на уредите во мрежата на Vip. Во случајот, модемот е поврзан со извор на струја преку соодветен адаптер (Power Adapter) и е поврзан со мрежата на Vip преку коаксијален кабел (RF Cables).

Со модемот, преку кабел со RJ-11 конектор, поврзан е телефонски апарат.

2) На сликата подолу е прикажан пример на поврзување на уредите во мрежата на Vip. Во случајот, уредот linksys со помош на адаптер (Power Adapter) е приклучен на извор на електрична струја и со помош на интернет-кабел (LAN кабел) е поврзан со мрежата.

Кон уредот, со помош на RJ-11 конектор, поврзан е телефонски апарат.

Дополнително Вашиот телефонски уред треба да биде нагоден на РЕЖИМ НА ТОНСКО БИРАЊЕ.
Најчесто режимот веќе е поставен на тонско бирање (default setting)
Во зависност од Вашиот телефонски апарат, има повеќе опции за активирање/проверка на режимот на бирање:

  • Некои телефонски апарати имаат копче за активирање на режимот на тонско бирање „Tone“  на страничниот панел.
  • Режим на тонско бирање може да се нагоди внатре во менито на самиот телефонски апарт. (DIALING MODE – TONE)
  • Копчето за активирање на режимот тонско бирање „Tone“ е вклучено на тастатурата со цифри на телефонскиот апарат.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања