Правила за нарачки преку интернет

оне.Вип ДООЕЛ Скопје

ПРАВИЛА ЗА НАРАЧКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
на услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk

1. ВОВЕД

1.1. Предмет на овие Правила за нарачки преку интернет е утврдување на условите за нарачка, плаќање и достава на производи и/или услуги за користење на Vip тарифни модели преку веб-страницата - www.vip.mk.
1.2 Преку веб-страницата www.vip.mk може да се купат следниве услуги и производи:

  • Постпејд електронски комуникациски услуги преку склучување нов претплатнички договор со Операторот или обнова на постоен договор, со набавка на терминален уред;
  • Пакети и СИМ картички за Припејд електронски комуникациски услуги за користење на Vip тарифен модел;
  • Мобилни телефони и друга терминална опрема (телевизори, лаптопи, таблети итн.).

1.3 Нарачување на услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk има право да иницира секое деловно способно физичко лице, државјанин на Република Северна Македонија со постојано живеалиште на територијата на Република Северна Македонија, како и овластените лица за застапување на правните лица со регистрирано седиште на територијата на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Купувач). 

1.4 За користење на електронски комуникациски услуги потребно е Купувачот да ги исполнува условите утврдени во Општите услови за пристап и користење јавни електронски комуникациски услуги на оне.Вип ДООЕЛ Скопје објавени на веб страницата www.vip.mk.

2. ПРОЦЕДУРА ЗА НАРАЧКА

2.1 За користење на услугата за купување услуги и/или производи преку интернет Купувачот треба да пристапи на веб-страницата www.vip.mk од каде што пристапува на страницата на која е опишан одреден производ или услуга. Со користење на копчето НАРАЧАЈ Купувачот ќе има можност да избере кои од услугите и производите од актуелната понуда на Операторот има намера да ги нарача/купи. Цените на услугите и производите на Операторот се наведени на самата веб-страница од каде што се врши нарачката преку интернет.

2.2 Купувачот го пополнува електронскиот формулар во кој ги внесува своите лични и други податоци потребни за реализација на нарачка и тоа: име и презиме на Купувачот, ЕМБГ, населено место и општина, адреса на Купувачот, адреса за достава на пратката, број на важечка лична карта или пасош и датум на важност, телефонски број за контакт и валидна e-mail адреса на Купувачот доколку се работи за физичко лице. Доколку се работи за правно лице се внесуваат и даночен и матичен број на правното лице (ЕМБС). Операторот не превзема одговорност за неможност на реализација на направена нарачка поради погрешно внесени податоци од страна на Купувачот.

2.3 По извршениот избор, Купувачот прави увид во направената нарачка при што ја потврдува нарачката и изборот на услуги и производи што има намера да ги купи од Операторот.

2.4 Во процесот на потврда на нарачката, Купувачот мора да даде согласност за проверка на кредитната способност. Без давање на ваквата согласност, процесот на потврда на нарачката не може да биде реализиран.

2.5 Откако ќе ги пополни бараните информации и ќе ја потврди нивната точност и вистинитост, Купувачот добива e-mail нотификација на e-mail адресата определена од негова страна во нарачката, со која се известува дека нарачката е успешно примена во Операторот. Во e-mail пораката се содржат сите детали за направената нарачка од страна на Купувачот.

2.6 По потврдувањето на приемот на нарачката, Операторот врши анализа на примената нарачка од Купувачот и доколку се констатира постоење на некоја од пречките предвидени со Општите услови за пристап и користење јавни електронски комуникациски услуги на Операторот или се внесени неточни/нецелосни податоци, продажните агенти телефонски го контактираат Купувачот за да му ги објаснат причините зошто не може да се продолжи со процесирање на неговата нарачка и потребните дејства за отстранување на тие пречки. Доколку Купувачот ги отстрани тие пречки и сака да ја реализира трансакцијата, потребно е да иницира нова нарачка.

2.7 Доколку нарачаниот производ го нема на залиха во моментот на прием на нарачката, на Купувачот ќе му биде понудено да избере некој друг соодветен производ од понудата на Операторот. Доколку Купувачот не избере друг заменски производ, нарачката нема да се реализира. Доколку Купувачот не избере друг заменски производ а извршил плаќање по нарачката, Операторот ќе поведе постапка за враќање на уплатените средства.

3.ПРОЦЕДУРА ЗА ПЛАЌАЊЕ

3.1 Доколку во процесот на купување на веб страната се овозможени сите предуслови за купувањето да биде извршено електронски, Купувачот ќе биде пренасочен кон системот за електронско плаќање за уплата на цената согласно направената нарачка.

3.2 Во случај да се потребни дополнителни проверки од страна на Операторот на Купувачот му се испраќа e-mail порака со линк до веб-страницата на процесинг-центарот преку кој се врши плаќањето по извршената нарачка. Истовремено, на Купувачот му се испраќа и уникатен код, кој ќе треба да биде внесен во системот за електронско плаќање заради успешна реализација на плаќањето. Купувачот треба во рок од 24 часа да ја плати нарачката, во спротивно нарачката ќе се смета за откажана.

3.3 Плаќањето се врши со кредитни или со дебитни картички издадени од овластена банка, со исклучок на American Express и Diners картички, со кои не може да се изврши плаќањето.

3.4 По извршеното плаќање, на Купувачот му се испраќа e-mail со потврда за плаќањето.

4. ПРОЦЕДУРА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

4.1 По извршеното плаќање, Операторот ја подготвува пратката што ќе биде испорачана на Купувачот преку овластен Доставувач (која во зависност од нарачаните производи и/или услуги може се состои од претплатничка документација што Купувачот треба да ја потпише, СИМ картичка и/или терминална опрема, доколку истата е нарачана). Доставата на пратката се врши на трошок на Операторот.

4.2 Доставувачот, најдоцна во рок од 2 работни дена од денот на извршеното плаќање, ќе го контактира Купувачот за утврдување на точниот датум и време на достава на пратката кој нема да биде подолг од 72 часа од моментот на контактирање на Купувачот.

4.3 Доставата се врши на адресата што Купувачот ја навел во електронскиот формулар при креирање на нарачката или на дополнителна локација договорена со Доставувачот.

4.4 Во моментот на вршење на испораката, Купувачот е должен да се легитимира пред Доставувачот за да го потврди својот идентитет преку овозможување увид во неговата лична или патна исправа (лична карта или пасош), чии податоци ги употребил при креирање на нарачката.

4.5 По успешната потврда на идентитетот на Купувачот, Доставувачот врши:

  • Обезбедување на потпис на соодветната претплатничка документација од страна на Купувачот (доколку нарачаните услуги на мобилна телефонија подразбираат склучување или обнова на претплатнички договор со Операторот). Еден оригинален примерок од претплатничката документација останува за Купувачот, додека другиот примерок Доставувачот ги враќа до Операторот;
  • Предавање на пратката: СИМ картичка, мобилен телефон или друга терминална опрема заедно со придружната документација за производот (гарантен лист, фактура за извршено плаќање) и/или потпишаната претплатничка документација, при што Купувачот треба да го потпише формуларот на Доставувачот за примопредавање на пратката.

4.6 По извршената достава и потпишување на претплатничката документација од страна на Купувачот, Операторот ќе изврши активирање на услугите кои се предмет на потпишаниот претплатнички договор помеѓу Операторот и Купувачот во рок не подолг од 5 работни дена од моментот на потпишување доколку се работи за јавни мобилни комуникациски услуги, или во рок не подолг од 15 работни дена за услуги обезбедени на фиксна локација.

4.7 Ќе се смета дека процесот на достава на нарачката е неуспешен, доколку:

  • Доставувачот не успее да го исконтактира Купувачот во рок од 3 работни дена сметано од денот кога пратката е процесирана и што е предмет на достава во смисла на точка 4.1 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Купувачот одбива да договори термин со Доставувачот за испорака на пратката во смисла на точка 4.2 и 4.3, во рок од 72 часа од моментот на првичното контактирање.
  • Доставувачот не го најде Купувачот на наведената адреса на договорениот датум и време за достава во смисла на точка 4.3 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Купувачот не го потврди својот идентитет пред овластеното лице на Доставувачот во смисла на точка 4.4 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Купувачот одбие да ја потпише во целост предметната претплатничка документација или формулар за достава на пратката што му е доставена за потпис, потребна за реализација на неговата нарачка во смисла на точка 4.5 од овие Правила за нарачки преку интернет.

4.8 При настапување на која било од погоре наведените околности во точка 4.7, нарачката се смета за откажана од страна на Купувачот, после што во рок од 15 дена на Купувачот му се враќа на сметка целокупниот износ што го платил за предметната нарачка.

5. ПРАВНИ НАПОМЕНИ

5.1 Купувачот потврдува дека е запознаен дека:

5.1.1 Операторот нема да сноси никаква одговорност за евентуалната штета што би ја претрпел Купувачот и/или трети лица како последица на несоодветно и/или неовластено користење на платежната картичка, или нејзина злоупотреба или неовластено користење од трето лице без знаење и согласност на сопственикот, ниту за штета што би можела да настане како резултат на прекин на интернет-врската во моментот на вршењето на онлајн-плаќањето преку процесинг-центарот.

5.1.2 Нарачката ќе се смета за потврдена кога Операторот ќе добие повратна информација од системот за плаќање на процесинг-центарот дека плаќањето е успешно извршено. Операторот нема да постапува по нарачката без позитивна потврда за претходно извршена уплата.

5.1.3 Купувачите што извршиле соодветна уплата на нарачката и добиле e-mail нотификација од страна на Операторот со потврда за успешно извршена уплата, а не ја добијат платената услуга/производ во наведениот рок, имаат право на поднесат приговор.

5.2 Операторот го задржува правото самостојно да одлучува кои од производите и услугите од своето продажно портфолио ќе ги понуди за продажба преку веб-страницата www.vip.mk.

5.3 Обработката на личните податоци на Купувачот ја врши Операторот и овластениот Доставувач согласно прописите за заштита на лични податоци, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Личните податоци, потребни за реализација на купувањето, нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за реализација на направената нарачка преку интернет.

5.4. Доколку Купувачот смета дека е испорачан несоодветен производ, можете да побара негова замена во рок од 15 дена од денот на неговото купување, ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фактурата која Операторот ја издава по извршеното плаќање од Купувачот.

5.5 Операторот го задржува правото за измена на овие Правила за нарачки преку интернет на услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk во секое време без претходна најава.  Доколку дојде  до измена на овие Правила за нарачки преку интернет, истите ќе бидат јавно објавени и достапни за купувачите на веб-страницата www.vip.mk.