Поддржете ја иницијативата за поттикнување на еколошката свест.

Активирајте електронска сметка, со што Вашите месечни сметки за користењето на услугите на Vip ќе ги добивате во електронска форма на Вашата e-mail адреса наместо во хартиена форма по пошта и добијте можност да освоите еден од вредните подароци:

  • 60 прочистувачи на воздух Xiaomi Mi Air Purifier 2 во првиот циклус и
  • 35 велосипеди Max Alpine во вториот циклус.

Доколку покрај активирање електронска сметка и сметките ги плаќате онлајн (преку веб-страницата на линкот https://www.vip.mk/plati-smetka или преку апликацијата Мојот Vip), ги зголемувате шансите да освоите подарок. 

Искористете ја оваа можност да освоите одличен подарок.

Извлекување Право за учество имаат
I извлекување 31.01.2019 г.

Сите корисници што активирале електронска сметка заклучно со 25.01.2019 година и имаат активна електронска сметка на денот на извлекувањето.

Сите корисници што покрај тоа што имаат активна електронска сметка, направиле и онлајн плаќање на сметка во периодот од 01.10.2018 до 25.01.2019 година.

II извлекување 31.05.2019 г.

Сите корисници што активирале електронска сметка заклучно со 25.05.2019 година и имаат активна електронска сметка на денот на извлекувањето.

Сите корисници што покрај тоа што имаат активна електронска сметка, направиле и онлајн плаќање во периодот од 26.01.2019 до25.05.2019 година.

 

Секој корисник има право да биде извлечен само еднаш, по што излегува од конкуренција за понатамошно извлекување.

Добитниците на подароците ќе се извлекуваат по случаен избор, по електронски пат, со помош на специјален софтвер. Извлекувањата ќе се одржат во седиштето на Vip и ќе бидат контролирани од комисија составена од претставници на Vip.

Сите добитници на подароци ќе бидат контактирани со повик или преку SMS, а нивните имиња ќе бидат јавно објавени на официјалната Фејсбук-страница на Vip, како и на интернет-страницата www.vip.mk.

Добитникот на подарокот треба да има активна електронска сметка на денот на извлекувањето.

Активирајте ја услугата електронска сметка на еден од следните начини:

  • со јавување во Контакт центар на бројот 077 1234,
  • во кој било Vip-центар,
  • со праќање SMS со содржина „START" на 140410, или
  • преку апликацијата Мојот Vip на Вашиот телефон или на Вашиот веб кориснички профил.

 

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.