за оне.Вип

оне.Вип e телекомуникациска компанија во Република Македонија и член на A1 Телеком Австрија Групацијата, која има повеќе од 24 милиони задоволни корисници во осум земји во регионот. На македонскиот пазар компанијата опслужува околу 1,2 милиони корисници и настапува под брендот Vip. Насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски решенија, Vip нуди обемно портфолио на комуникациски услуги, што опфаќаат припејд и постпејд услуги во мобилната телефонија, фиксна телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ИКТ-решенија. Преку најсовремена сопствена мрежа Vip на корисниците им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет насекаде во Македонија и 4G+ во урбаните средини, како и M2M-услуги и покриеност на 99,8% од населението. Вложувањата во најсовремена мрежа резултираа со сертификат П3-комуникации во 2016 година. Со услугата за грижа на своите корисници достапна 24 часа во текот на целата недела и константното надградување на каналите за комуникација Vip ја докажува супериорната грижа за корисниците. Компанијата ја сочинуваат млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри со просечна возраст од 33 години. Оттука, Vip постојано вложува во вработените и во нивната благосостојба, за што доказ е и сертификатот MAMFORCE, што значи унапредување на балансот меѓу приватниот и професионалниот живот на вработените. Vip е компанија посветена на заедницата во која работи и активно учествува во културата, спортот, образованието, животната средина и во хуманитарни активности, сè со цел да придонесе во развој на општеството и да помогне онаму каде што помошта е најпотребна.