A1 Телеком Австрија Групација

A1 Телеком Австрија Групацијата, која котира на берзата во Виена од ноември 2000 г., е водечки комуникациски провајдер во Централна и во Источна Европа, со околу 23 милиони корисници на сите пазари во кои учествува.

Во моментов Групацијата е присутна во осум земји: Австрија (А1), Бугарија (Mobiltel), Белорусија (Velcom), Хрватска (Vipnet), Словенија (A1 Slovenija), Србија (Vip mobile), Република Македонија (оне.Вип) и Лихтенштајн (Telekom Liechtenstein). Вкупниот удел на пазарот на осумте земји покрива околу 42 милиони жители. Групацијата брои околу 17.500 вработени.

На крајот на 2015 г. приходот на Групацијата изнесува околу 4 милијарди евра. Портфолиото на A1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа производи и услуги од гласовната телефонија, широкопојасниот интернет, мултимедијалните услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон. За повеќе информации, Ве молиме посетете ја веб-страницата.