Слободен пристап до информации од јавен карактер

 

Врз основа на член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. Весник на РМ бр. 13/06, 86/08, 6/10, 42/14, 148/15 и 55/16) Друштвото за комуникациски услуги оне.Вип ДООЕЛ Скопје, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, Скопје, како имател на информации од јавен карактер за службено лице кое ќе посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер го назначи следниот вработен:

Емилија Зографска адреса:
Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје
e-адреса: emilija.zografska@onevip.mk

Листата на информации од јавен карактер со кои располага оне.Вип ДООЕЛ Скопје е следната:

  1.  Општи услови за пристап и користење на јавни електронски комуникациски услуги;
  2.  Барање за склучување договор за засновање претплатнички однос за користење на јавни комуникациски услуги;
  3.  Стандарден претплатнички договор;
  4.  Политика за поднесување барања и склучување договори за засновање претплатнички однос за пристап и користење јавни комуникациски услуги;
  5.  Формулар за поднесување на приговор од претплатник;
  6.  Ценовници на Пост Пејд услуги, тарифни модели и терминална опрема;
  7.  Ценовници на При Пејд услуги, тарифни модели и терминална опрема
  8.  Посебни услови за користење на јавни електронски комуникациски услуги за кои Друштвото овозможува неограничено бесплатно користење во соодветни тарифни модели;
  9.  Полиса на приватност;
  10.  Членови на Органот за управување на Друштвото;
  11.  Референтна понуда за интерконекција;
  12.  Услови за користење на мобилната апликација Мојот Vip;
  13.  Информации за цени и начин на користење на мобилни апликации и услуги од понудата на Друштвото (Vip Store, Vip life итн.);
  14.  Информации за промотивни понуди на Друштвото;
  15.  Референтна понуда за пристап;
  16.  Договор за препродажба на дигитална ТВ Услуга;
  17.  Понуда за Direct to Home (DTH);
  18.  Образец на оне.Вип ДООЕЛ Скопје на Договор за дигитално емитување на програмски сервиси на терестријални радиодифузери.