ISO сертификација

По извршената ревизија од страна на Quality Austria и CIS Austria, оне.Вип успешно се ресертифицираше и ја потврди усогласеноста согласно ISO9001:2015; ISO14001:2015; ISO20000-1:2011 и ISO27001:2013 стандардите.

Со ова, нашите процеси и системи за управување со квалитет, животна средина, безбедност на информации и ИТ сервиси и во пракса се потврдија како одлична основа на нашиот бизнис.
Со успешната ресертификација, ние во оне.Вип покажуваме иницијатива за постојана надградба на нашите системи и процеси со цел успешно задоволување на барањата на нашите корисници.

 

9001:2015

оне.Вип ги дефинира и оптимизира своите бизнис процеси преку континуиран циклус на планирање, имплементација, контрола и подобрување. Нашиот процесен пристап, базиран на управување со квалитет е сертифициран и управуван соглсно барањата на ИСО 9001:2015. Опсегот се однесува на планирање и достава на услуги како и корисничка поддршка за целокупното портфолио на комуникациските услуги на оне.Вип од областа на мобилната и фиксна телефонија, интернет и телевизија.

 

14001:2015

Со успешното ресертифицирање согласно барањата на ИСО 14001:2015, ние во оне.Вип, како општествно одговорна компанија, сме горди на потврдата за нашата грижа кон животната средина. Со континуирано промовирање на интерни и екстерни иницијативи за намалување на нашиот импакт кон животната средина, ја подигнуваме свеста и ја промовираме потребата за одржување на бизнис модел на општествено одговорно однесување.

Опсегот се однесува на планирање и достава на услуги како и корисничка поддршка за целокупното портфолио на комуникациските услуги на оне.Вип од областа на мобилната и фиксна телефонија, интернет и телевизија.

 

27001-2013

Со успешното ресертифицирање согласно барањата на ИСО 27001:2013 и имплементација на сите безбедносни контроли, оне.Вип ја потврдува својата посветеност за целосна заштита и безбедност на информациите со кои располага.

Опсегот се однесува на целата компанија.

 

20000-1:2011

Со успешното ресертифицирање согласно барањата на ИСО 20000-1:2011, оне.Вип се посветува на целосна достава на услугите на нашите корисници и одржување на највисоко сервисно ниво за нашите комуникациски и ИТ услуги. Опсегот се однесува на целокупниот систем на управување и достава на ИТ услуги кон внатрешните и надворешните корисници согласно Сервисниот Каталог.