Правила при користење Vip Spirit Club

Vip Spirit Club е апликација наменета за корисници на возраст од 18 до 26 години, која на своите членови им овозможува да бидат информирани за настани, промоции и понуди на Vip, кои се приспособени на нивната возраст, потреби и интереси.

За таа цел, со зачленувањето во Vip Spirit Club, корисниците се свесни и се согласуваат дека оне.Вип ќе врши профилирање, односно автоматски ќе обработува и ќе евалуира одредени лични аспекти поврзани со нивните вообичаени барања, интереси, однесување и сл.

Со успешното регистрирање во Vip Spirit Club, секој корисник на e-mail адресата од која се регистрирал, добива еден уникатен Vip Spirit Club код, со што станува негов член. Во моментот кога членот на Vip Spirit Club ќе наврши 27 години, корисничкиот код автоматски се деактивира и не е важечки.

Со добивањето на Vip Spirit Club кодот, членовите на овој клуб имаат можност да учествуваат во одредени промотивни активности организирани од Vip и да добиваат подароци. Со зачленувањето во Vip Spirit Club, корисниците чии кодови биле избрани како добитни, се согласиле да бидат контактирани од Контакт центарот на оне.Вип, со цел да ги информираат за подарокот и нивните кодови да бидат објавени како добитни.

Добитниците на подарокот, при неговото преземање,  мора да достават на увид важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош), од кои ќе биде јасно видливо дека станува збор за регистрираниот корисник чиј код е избран за добитен и дека тој е на возраст од 18 до 26 години. Доколку податоците од документот не се совпаѓаат со регистрираните податоци и/или доколку добитникот на подарокот не спаѓа во посочената возрасна категорија, го губи правото да го подигне подарокот.

Со зачленувањето во Vip Spirit Club, корисниците одговорно потврдуваат дека внесените информации се нивни лични податоци и се во целост точни. Користењето туѓи и неточни податоци при регистрација, се смета за злоупотреба на лични податоци и сторителот ќе сноси лична одговорност согласно со закон.