Viplife е мобилен / веб портал, достапен на адресата www.viplife.mk, како од мрежата на операторот, така и надвор од неа.

Порталот обезбедува пристап до различни видови на услуги, како: информативни текстуални услуги, содржина за мобилни телефони (позадини, игри, мелодии и др.), пристап до телевизиски и радио канали, услуги за забава и информативно-рекреативни услуги (Sportal klub и др.).

Услугите се достапни за сите при-пејд и пост-пејд Корисници за сите тарифни модели (ОНЕ и Вип тарифни модели) на оне.Вип ДООЕЛ Скопје.

За користење на некои услуги / содржини, како што се мобилни апликациите и java игрите неопходно e телефонскиот апарат (мобилен телефон) да е со минимални перформанси. Порталот врши автоматско филтрирање / прикажување на овие услуги / содржини за адекватен телефонскиот апарат (мобилен телефон). Функционалноста на дигиталната содржина, вклучувајќи ги мерките кои се применуваат за техничка заштита се дефинира за секоја дигитална содржина посебно на порталот.