Спортал Клуб

Доколку сакаш да се забавуваш и да бидеш во тек со најважните спортски настани, тогаш СПОРТАЛ КЛУБ е твојот вистински избор. Mожеш да даваш прогнози за натпревари,  да учествуваш во спортски квизови, да добиваш информации со спортски резултати и, најважно од сѐ, да освоиш супер подароци. 

www.sportalklub.mk

Спортал клуб е забавна и интерактивна услуга, која на сите постпејд и припејд мобилни корисници ќе им овозможи пристап до интересни забавни содржини поврзани со спортот.

За да се пријавите во Спортал клуб, пратете SMS со текст „DA" на бесплатниот број 148 800. По успешното пријавување, корисниците ќе може да ја користат услугата преку три различни канали и тоа:

  • преку Web на  www.sportalklub.mk
  • преку Android апликација за мобилен телефон
  • преку SMS на бесплатниот број 148 800

Услугата Спортал клуб е достапна со неделна претплата од 49 денари.

Вкупната максимална месечна цена на услугата Спортал клуб може да биде 245 денари.

Корисниците на Спортал клуб ќе добиваат поени за активностите што ќе ги прават за време на користењето на услугата. Поени ќе се добиваат за следниве активности во Спортал клуб:

  • Читање вести (вестите ќе бидат со спортска содржина)
  • Објавување коментар (во врска со некој спортски настан)
  • Преглед на резултати од различни спортски натпреварувања
  • Одговарање на прашања поврзани со спорт
  • Учество во квизови
  • Објавување своја прогноза за даден спортски натпревар

Поените ќе се собираат на неделно ниво и ќе се претвораат во ваучери, со кои корисникот подоцна ќе може да избере подарок од виртуелната продавница, која е достапна на www.sportalklub.mk

Секој корисник на Спортал клуб ќе има увид во состојбата на своите поени/ваучери во кое било време:

  • преку својот профил на www.sportalklub.mk
  • преку Android апликацијата за мобилни телефони, исто така во рамките на својот профил
  • или со праќање на SMS со текст „STAT" на бесплатниот број 148 800

Корисниците можат да се одјават од користење на услугата Спортал клуб на еден од следниве начини:

  • преку www.sportalklub.mk во рамките на профилот на корисникот
  • со праќање SMS на 148 800 со текст „STOP"

Собраните и неискористени ваучери корисниците нема да ги изгубат по одјавувањето од услугата Спортал клуб, а тие ќе им бидат достапни при повторното пријавување за услугата Спортал клуб.