Vip Секретарка

Vip секретарката е едноставна и пред сè корисна услуга за примање и чување на гласовни пораки. Oваа услуга Ви е автоматски вклучена и можете веднаш да почнете да ја користите. Бидете секогаш на дофат на Вашите пријатели дури и во моментите кога сте недостапни, кога не сакате да одговорите или пак веќе разговарате со други соговорници. Vip секретарката за Вас прима пораки, Ве известува по пат на SMS за нивното пристигнување и ги чува, а Вие избирате кога ќе ги преслушате.

Пристап на Vip секретарката

На својата Vip секретарка можете да пристапите на три начини за да ги преслушате примените пораки:

  • Едноставно јавете се на телефонот: 077 1222, +389 77 1222 или само на скратениот број 1222 (ако се јавувате од Vip мрежата)
  • Притиснете го копчето 1 (задржете подолго) ако Вашиот телефон поддржува автоматски повик кон Vip секретарката. Кај некои телефони може да биде и некое друго копче.
  • Во менито на мобилниот телефон одберете ја Vip секретарката. За да можете да ги користите автоматските начини на повикување на Vip секретарката морате претходно со помош на упатствата за користење на Вашиот мобилен телефон, под опцијата Говорна пошта да го впишете бројот +389 77 1222. Во зависност од типот на апаратот и од јазикот, Говорната пошта може да се вика Гласовна пошта, Voice mailox number, voice mail и слично. Прв повик кон Vip секретарка При првиот повик кон Vip секретарката ќе пристапите кон поставување на основните поставки за јазикот и поставувања на Вашата порака. Нагодувањата за Вашата Vip секретарка можете да ги одредите по пат на менито за поставување на порака и тоа поставувања на Лична порака, Порака за отсутност, Системска порака, Лично име итн. Одредувањето на наведените поставки е едноставно и трае кратко. Помош Ви е достапна секогаш со притискање на копчето 0. Ви препорачуваме уште во текот на Вашиот прв повик кон Vip секретарката да ги одредите нејзините основни поставки. За промена на сите поставки за Vip секретарката јавете се на 1222 при што повикот е бесплатен.