Со HBO GO гледајте ги омилените филмови и серии каде и да сте низ Македонија! Уживајте во повеќе од 4.000 наслови кога било, каде било. Услугата HBO GO овозможува следење на содржините преку интернет. Гледајте ги најдобрите филмови, најновите серии, документарни филмови и концерти што ви се достапни за следење преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или smartTV секогаш кога ќе посакате, најмногу на 5 уреди, а истовремено на 2 уреди.

Пакет HBO Premium, промотивно 3 месеци без претплата

Услугата HBO GO е достапна со пакетот HBO Premium, кој покрај услугата HBO GO, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на Vip Комбо, Vip Комбо Lite, Vip TV и Vip TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

Промотивно, пакетот HBO Premium е достапен без претплата во првите 3 месеци за сите нови или обновени корисници на пакетите Vip Комбо и Vip Комбо Lite. Промоцијата важи ограничен период.

Пакетот HBO Premium можете да го активирате во сите продажни места на Vip или со повик во Контакт центарот на 077 1234.

Услуга HBO GO

Услугата HBO GO е достапна и за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите Vip Постпејд корисници на фиксни и мобилни услуги (со Vip SIM-картичка), со претплата од 249 денари/месечно.

Услугата HBO GO можете да ја активирате во сите продажни места на Vip или со повик во Контакт центарот на 077 1234. Исто така, Vip Постпејд мобилните корисници можат да активираат HBO GO со праќање на SMS со текст HBO GO START на бројот 149 100. Во зависност од начинот на активација, ќе добиете активациски код преку SMS, е-mail или во продавница, од кога почнува наплатата на услугата и кој треба да го внесете при регистрацијата за користење на услугата.

Претплатата за услугата HBO GO автоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на HBO GO можете да направите во сите продажни места на Vip, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или со праќање SMS со текст HBO GO STOP на бројот 149 100.

Регистрација за користење на услугата HBO GO

За да гледате HBO GO преку вашиот компјутер, потребно е да пристапите на www.hbogo.mk и да направите регистрација.

За користење HBO GO на вашиот смартфон или таблет, инсталирајте ja мобилната апликација HBO GO од Google Play Store или од App Store во зависност од вашиот уред. Откако ќе ја преземете мобилната апликација, регистрирајте се за користење на HBO GO.

Регистрирајте се на мобилната апликација HBO GO или тука, на следниов начин:

  • Изберете оператор оне.Вип ДОО Скопје.
  • Внесете го активацискиот код, добиен преку SMS, е-mail или во продавница.
  • По успешната регистрација, се најавувате и можете да започнете со користење на HBO GO.

За да ги гледате содржините преку компјутер, секогаш треба да пристапувате на www.hbogo.mk, а за гледање преку мобилен уред, пристапете преку мобилната апликација.

При користење на HBO GO, имајте предвид дека се користи интернет-сообраќај од вашата тарифа.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.