Samsung Galaxy Note 9 Pre-order

Бидете меѓу првите кои ќе ја почувствуваат моќната технологија зад новиот Samsung Galaxy Note 9. Со Vip, Samsung Galaxy Note 9 може да го нарачате пред почетокот на официјалната продажба на овој модел во целиот свет и да го имате пред сите. Со новиот Samsung Galaxy Note 9 ќе добиете и подарок, дополнителни 10GB интернет при активација/обнова на договор на некоја од тарифите Vip Neo.

Она што го прави Galaxy Note 9 уникатен е новата батерија. Таа има капацитет од 4.000 mAh и со овој капацитет Note 9 може да издржи 24 часа интензивно користење.

Galaxy Note 9 поставува нови стандарди и за капацитетот на основната меморија, која изнесува дури 128 GB и која дополнително може да се прошири и да се надгради со микро SD картичка.

Дизајнот и линиите на телефонот се елегантни, со мали заоблувања на краевите, кои го прават да изгледа компактно и моќно. Тој има 6,4-инчен Super AMOLED Infinity дисплеј и резолуција од 2960×1440 px.

Samsung Galaxy Note 9 е достапен во повеќе бои, со S Pen пенкало во иста или во контрастна боја што одговара на Вашиот стил.

Новото S Pen пенкало сега користи моќна Bluetooth технологија, која овозможува со притискање на копчето да управувате со камерата, презентациите и апликациите, притоа воопшто не допирајќи го телефонот.

Samsung Galaxy Note 9 има задна камера од 12MP со двоен оптички зум и предна камера од 8MP. Со новата револуционерна камера е речиси невозможно да се направат лоши фотографии. Таа го препознава објектот што го фотографирате и автоматски, оптимално го поставува контрастот, балансот на белата боја, експозицијата и сл.

Доколку сакате да го имате најдоброто од технологијата, нарачајте го веднаш новиот Samsung Galaxy Note 9 и ќе го добиете во Вашиот дом после 24 август 2018 г. односно веднаш по стартот на продажбата на овој модел во целиот свет.

Понудата важи за нарачки до 23.8.2018 г.