Vip Combo 3 XS - Студентски пакет по супер цена за интернет, телевизија и фиксна линија

Ако си студент, донеси го твојот индекс во најблискиот Vip салон и активирај го пакетот Vip Combo 3 XS и ќе добиеш неограничен интернет, телевизија и фиксна линија, за супер месечна претплата од само 799 денари. Пакетот е достапен преку кабелска технологија што ти овозможува стабилен интернет и голем избор на ТВ-канали со HD-квалитет.

Доколку си корисник и на Vip Постпејд мобилна линија, искористи го дополнителниот попуст и ќе го добиеш пакетот Vip Combo 3 XS за само 749 денари/месечно, за неограничен интернет, телевизија и фиксна линија.

Понудата е достапна за сите студенти, со приложување валиден индекс. Понудата важи со склучување нов или со обнова на договор на 24 месеци на тарифата Vip Combo 3 XS.

Дополнителен ТВ-приклучок може да се активира за само 99 ден./месечно. 

Листа на ТВ-канали и дополнителни пакети.

За локациите каде што нема кабелска достапност, искористи ја понудата Vip Combo Box, со студентски попуст од 100 денари на месечна претплата.

За повеќе информации јави се на 077 1234.