Како компанија инвестираме и го поддржуваме спортот затоа што веруваме дека спортскиот дух и спортската култура се основа за развојот на општеството и истакнување на вистинските вредности. Поттикнати од оваа идеа, соработката со Спортскиот Центар „Борис Трајковски" ја започнавме уште во февруари 2016 година и со тоа најголемата спортска сала во земјата го доби името Vip Арена.

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е модерен комплекс и претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија. Токму овие карактеристики на центарот, придонесоа за соработката помеѓу Vip и Спортскиот Центар.

Во состав на Спортскиот Центар "БОРИС ТРАЈКОВСКИ" влегуваат:

  • Vip Арена - Мултифункционална спортска сала која што дополнително се користи и за културни манифестации.
  • Мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација,
  • Базен,
  • Фитнес и аеробик центар,
  • Сауни за релаксација на спортистите,
  • Пинг-понг клуб достапен за сите посетители,
  • Куглана, подготвена по светски стандарди,
  • Хокеј арена.