Mузички настани заедно со Vip

Ги поддржавме големите музички настани во текот на 2018 година, кои беа организирани од страна на Аволон продукција. Овие настани на македонската публика ѝ овозможија да ужива во настапите на светската музичка естрада. Бројни концерти, фестивали, регионални турнеи и препознатливи светски имиња како: Armin Van Buuren, Lenny Kravitz, David Guetta и многу други беа дел од овие случувања и придонесоа за одлична атмосфера и убави моменти.

 

Vip дел од Златно Славејче 2018

Vip со големо задоволство во 2018 година го поддржа организирањето на традиционалниот културен настан Златно Славејче кој своите почетоци ги бележи уште во 1971 година. Овој културен настан придонесува за промовирање на младите и талентирани деца во светот на музиката. Многу млади талентирани музичари почетоците во својата кариера ги започнаа токму тука. Златно Славејче е еден од најголемите и најдолготрајните настани за најмладата публика во Република Македонија.