Архива

Песна за твоето срце

Единствената можност да ги погледнете изведбите на македонските и светските евергрини, интерпретирани од младите македонски музички таленти на шоуто - "Песна за твоето срце". Нина, Наталија, Мирјана, Калина, Анастасија, Марија, Сандра, Тео, Марко, Андреј, Филип и Милан, солисти на детскиот хор "Пиколо", диригент Весна Димчевска, придружувани од балетските групи на студио "Еурека", ги пеат големите македонски и светски евергрини, песни кои несомнено оставиле белег во музичката историја.

Веруваме, ќе ги освојат и Вашите срца!

Општествено одговорна компанија

Vip Олимписки денови во Свети Николе и Валандово



Од 28 мај до 04 јуни 2008 година се одржаа се одржаа Vip Олимписките денови во Свети Николе и општината, со бројни спортски, литературни и ликовни натпревари на тема "Олимпизам". Завршната манифестација се одржа во Свети Николе со одржување на олимписки часови, спортски натпревари во велосипедизам, ракомет, фудбал, атлетика и други спортски игри, а најголемо внимание предизвика кросот на кој учествуваа ученици од основно, средно училиште и возрасни.

Следните Vip Олимписки денови ќе се одржат 18 јуни во Валандово.

Целта на Vip Олимписките денови е во општините во Република Македонија да заживее духот на олимпизмот, дружењето, спортот, образованието, културата и екологијата.

Од март 2008, Vip оператор е новиот официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Vip оператор го поддржува Македонскиот олимписки тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг.

Македонски Олимписки Комитет



Vip оператор е новиот официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет - МОК. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Vip оператор одлучи да го поддржи Македонскиот национален тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг. Vip oператор обезбедува целосна поддршка и промоција на Македонскиот национален тим во однос на неговите потреби и активности во текот на подготовките и настапот на Летните олимписки игри.

- Да се биде дел од најголемиот светски настан како што се Летните олимиски игри е огромна чест и задоволство за Vip оператор. Натпреварувачкиот дух, универзалноста, здравиот дух и солидарноста се синоними на Олимписките игри. Ние во Vip oператор ги препознавеме и негуваме овие вистински вредности, што ги слави целиот свет на Олимписките игри стотици години низ историјата. Веруваме дека ќе придонесеме за подигнување на спортскиот дух кај Македонските учесници и дека заедно ќе ги славиме сите нивни победи - изјави Никола Љушев, извршен директор на Вип оператор.

Македонскиот олимписки комитет изрази огромна задоволство од поддршката на Vip оператор пред престојниот настап на Македонскиот национален тим на Летните олимписки игри.

- За секој успех потребна е поддршка. Кога таа поддршка доаѓа од искрен партнер кој е докажан во светот на бизнисот, задоволството е огромно. Во овие турбулентни и динамични времиња, вистинските вредности во животот кои се најизразени во спортот, за жал се запоставени. Токму затоа поддршката од Vip оператор е од клучно и огромно значење за Македонскиот олимписки комитет и за Македонскиот национален тим. Ова е дополнителна мотивација, бидејќи некој сепак ги препознава вистинските вредности. Ќе сториме се за да ја оправдаме довербата - рече Претседателот на МОК Васил Тупурковски.

МОК Македонскиот олимписки комитет делува од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Прв настап на Македонскиот национален тим под Македонско знаме беше на Летните Олимписките игри во 1996 година во Аталанта САД. Основна цел на Македонскиот олимписки комитет е подготовка на македонските спортисти за Олимписките игри, ширење на олимпискиот дух и олимпиското движење и развој на врвниот спорт.

Досега Македонските спортиси на Олимписките игри освоиле 13 медали во разни спортови и три медали на Пара олимписките игри. Македонскиот олимписки комитет е член на Меѓународниот олимписки комитет.

Повеќе информации: www.mok.org.mk

Скопје Филм Фестивал




Во тек на девет фестивалски дена, под мотото "Целосен филмски третман", на македонските филмофили ќе им бидат прикажани над 70 филмски остваруваља со најразлична тематика и жанр. За првпат оваа година се воведува и натпреварувачка програма за едноминутен аматерски филм на тема - комуникации

Vip оператор е официјален партнер на годинешниот Скопски филмски фестивал кој по 11-ти пат, од 29 март до 6 април, ќе се одржи во македонскиот главен град. Во 9-те фестивалски денa се очекува над 25 илјади љубители и почитувачи на филмскатата уметност да добијат "целосен филмски третман" проследувајќи 70-тина врвни светски филмски остварувања селектирани во 6-те програми на фестивалот.

- Партнерството меѓу Vip и Скопскиот филмски фестивал е резулат на природниот тек на нештата, од едноставна причина што меѓусебно не поврзува една многу значајна карактеритика – креативноста. Ако на ова ги додадеме комуникациите, кои се воедно тема на натпреварувачкиот дел од годинешниот фестивал, како и стремежот постојано да бидеме уникатни, свежи и во склад со потребите на луѓето, тогаш добиваме еден мотивирачки спој на заеднички одлики и вредности на Vip и Скопскиот филмски фестивал, без кои не може да се замисли модерниот, динамичен, урбан начин на живеење - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Vip оператор.

За првпат оваа година на Скопскиот филмски фестивал се воведува и специјална натпреварувачка програма во која право на учество ќе имаат сите автори, ентузијасти и вљубеници во филмот кои ќе го прифатат предизвикот да направат едноминутен филм со помош на опрема која ја поседуваат. Учесниците во натпреварот сами ќе одлучуваат за жанрот и начинот на создавање на својот филм на тема Комуникации. Најдобрите креации ќе ги изберат посетителите на фестивалот, по пат на СМС гласање, а членовите на стручното жири ќе се одлучат за својот фаворит.

- Задоволство е да се биде дел од еден проект кој за изминативе 10 години остави траен белег врз македонската културна јавност. Скопски Филмски фестивал е институција која и покрај ситуација со пиратеријата врз Македонските кина успеа да привлече бројна публика, да донесе филмови кои нашата публика немаше начин да ги види, да претстави автори и филмски дејци пред нашата публика. И оваа година Скопје Филм Фестивал останува верен на љубителите на филмот со своите 6 програми. Тоа е Главната програма од наградувани светски филмски хитови, Програмата Авторски Филм, "Sound and Fury" (саунд енд фјури), посветена на љубителите на филмот и музиката, Анима програмата, како и селекцијата на кратки филмови. Имаме и ретроспективна програма во соработка со Кинотеката на Македонија, а истата ќе ни ја претстави Мими Ѓоѓиеска Илиевска, Директор на Кинотека на Македонија.

- Новитет е Натпреварот на едноминутен филм чии остварувања ќе може да ги следите пред секоја проекција на овој фестивал изјави Иво Антов, организатор на Скопскиот филмски фестивал.

Оваа година, проекциите на филмовите ќе се одовиваат во двете кино сали во ТЦ "Рамстор", киното "Милениум" и во Кинотеката на Македонија. Како дополнување на содржините на фестивалот предвидени се 30-тина разновидни придружни активности како што се изложба на филмски плакати, работилници и презентации на најновите технологии и производи во филмаската и ТВ индустрија, а нема да изостанат ниту голем број концерти и забави.

http://www.skopjefilmfestival.com.mk

Влатко Стефановски

Влатко Стефановски, најреномираниот македонски уметник е првиот постпејд корисник на Vip.

Гитаристот кој е виртуоз на етно-рок џез фузијата, Стефановски е познат по својата неверојатна техника на свирење на гитара. Тој создава акустични средини богати со фантазија, тек и леснотија. Тој беше еден од основачките членови на Леб и сол. Во моментот, тој истовремено свири со неговата група Влатко Стефановски трио, во акустично партнерство со Мирослав Тадиќ, и компонира за филмови или театарски претстави. Тој има снимено околу 20 албуми и ја претставуваше македонската култура и музика на многубројните концерти ширум светот.

- Му посакувам добредојде на третиот мобилен оператор Vip, кој донесе свежина во нашиот телекомуникациски простор и кој предизвика намалување на цените. Му посакувам на Vip успешно и среќно работење во Република Македонија. Исто така, би сакал да ја најавам нашата соработка, која се надевам дека ќе биде долгорочна. Можам да ви го најавам мојот нов проект чијашто реализација ќе ја започнам деновиве. По издавањето на албумот, ќе следат промотивните концерти и очекувам дека овој проект ќе биде поддраж од Vip, имајќи предвид дека тоа е компанијата на млади и едуцирани луѓе со добар вкус – изјави Влатко Стефановски на прес конференцијата на Vip, одржана на почетокот на ноември 2007 година, најавувајќи го неговиот нов проект кој се заснова на блуз стандардите.

За повеќе информации, ве молиме посете ја веб страницата на Влатко Стефановски www.vlatkostefanovski.com.mk