Со Одлука на Агенцијата за електронски комуникации број 1303-706 од 02.05.2017 година, ОНЕ.ВИП ДООЕЛ Скопје беше определен за Оператор со значителна пазарна моќ на релевантниот пазар за големопродажен централен пристап обезбеден на фиксна локација за производи за широка потрошувачка на географското подрачје на Република Македонија. Со Решение на Агенцијата за електронски комуникации број УП1-Бр: 1303-706 од 14.08.2017 година на ОНЕ.ВИП ДООЕЛ Скопје му беше одoбрена Референтна понуда за големопродажен централен пристап обезбеден на фиксна локација. Со Решенија УП1-Бр: 1405-706 од 6.11.2017, УП1-Бр: 1304-131 од 22.05.2018 и  УП1-Бр: 1304-131 од 26.10.2018 одобрени се измени на Референтната понуда.

Согласно овие акти и одредбите на Законот за електронски комуникации, ОНЕ.ВИП ДООЕЛ Скопје како Оператор на јавна комуникациска мрежа со значителна пазарна моќ ја објавува оваа Референтна понуда за големопродажен централен пристап обезбеден на фиксна локација – (во понатамошниот текст: РПГЦП). РПГЦП е достапна на интернет страната www.vip.mk.

РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖЕН ЦЕНТРАЛЕН ПРИСТАП ОБЕЗБЕДЕН НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА (PDF)