Избери Vip Припејд SIM картичка од 299 денари и добиј SIM картичка на која има кредит од 300 денари, или пак, избери Vip 2SIM за цена од 300 денари и добиj 2 SIM картички со 300 денари кредит на секоја од нив.
Вклучениот кредит на Vip Припејд SIM картичките може да го користиш за што сакаш.
Сите нови припејд корисници добиваат пакет со неограничени минути и SMS пораки кон тарифните модели на Vip, бесплатно.
Пакетот се обновува автоматски по 7 дена,  по цена од 79 ден.
 

Избери ЏаБест SIM картичка за само 199 денари со која ќе добиеш вклучен бесплатен кредит од 200 денари, плус промотивно ќе го добиеш неделниот пакет за неограничени разговори во сопствена мрежа, бесплатно во првата недела.

Картичката можеш да ја користиш 12 месеци без да ја дополнуваш сметката.

Побарај ја специјалната Vip Припејд Roam SIM картичка и за само 300 ден. добиј 60 USSD роаминг минути за бесплатни разговори од Грција кон која било мрежа во Македонија, како и 100 ден. кредит, кои може да ги користиш за сите услуги достапни на Vip Припејд корисниците.

За успешна активација на опцијата за бесплатни роаминг минути од Грција кон Македонија, регистрирај ја картичката и направи прв повик кон која било дестинација.

Откако ќе ти стигне SMS известување дека ти се достапни бесплатните роаминг минути за да може да ги користиш, повиците од Грција треба да ги правиш во форма *123*389ХХXXXXXX# каде што со Х е означен бројот што сакаш да го повикаш. По направениот повик ќе добиеш SMS известување дека повикот ќе биде воспоставен и за кратко време очекувај повратен повик со твојот број на екранот. Одговори на повикот и почекај сѐ додека повикуваниот корисник не одговори на повикот.

Бесплатните минути за повици со USSD код може да ги искористиш кога сакаш во период од 90 дена од датумот на активација на опцијата, за повици од кој било мобилен оператор во Грција кон која било мрежа во Македонија. Интервалот на тарифирање е на минута и започнува од моментот кога двете страни одговараат на повикот. За услугите надвор од промоцијата со бесплатни роаминг минути, важат цените утврдени со ценовникот за сите припејд услуги.


Истражи ја Македонија, а чувствувај се исто како дома. Со оваа Vip Припејд понуда сурфај безгрижно и остани во контакт со сите пријатели без да се грижиш за трошоците.

Сè што треба да направиш е да ја активираш твојата Vip Tourist SIM картичка, со што ќе добиеш:

  • одлична цена од 3,9 ден./мин. за разговори и SMS кон сите мрежи во Македонија;
  • интернет-сообраќај од 5GB за период од 30 дена;
  • специјална цена од 7,9 ден./мин. кон Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија во времетраење од 30 дена;
  • повластена цена од 9,9 ден./мин. кон Германија, Италија, Турција, Словенија, Хрватска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија, Белгија, Шведска, Велика Британија, САД, Канада и Австралија.

По искористување на вклучениот интернет-сообраќај, сурфањето не е можно.

За да продолжиш со сурфање, треба да активираш дополнителен интернет-пакет.

По истекот на валидноста на тарифните опции за интернет и за меѓународни разговори, важи цената од 3,9 ден./MB за мобилен интернет и регуларните цени за меѓународни разговори што важат за сите припејд корисници.

На твојата Vip Tourist SIM картичка може да ги активираш и следните пакети:

Tourist SIM дополнителни пакети Активација Валидност Цена
Интернет-пакет од 5GB Испрати SMS со содржина START на 144 205 30 дена 249 ден.
Цена за меѓународни повици 7,9 ден./мин. кон Соседство и 9,9 ден./мин. кон 15 други земји Испрати SMS со содржина START на 144 300 30 дена 149 ден.

Цена на Vip Припејд Tourist SIM картичка: 499 ден.

нарачај

За повеќе информации јави се на 077 1234.