A1 Pulse, припејд тарифа за опуштена комуникација

Како A1 Pulse корисник со секое надополнување на твојата A1 Припејд сметка ја добиваш тарифната опција A1 Pulse+ со која во наредните 30 дена, имаш можност да зборуваш, сурфаш, испраќаш СМС и ММС за двојно помала цена.

A1 Pulse+ Цена (ден./мин.)
Кон сите национални мрежи 2,9
Воспоставување повик 2,9
ЅМЅ (ден./порака) кон сите национални мрежи 2,9
Интернет (ден./МВ) 2,9

Разговорите се тарифираат на минута, а интернетот се тарифира на секои 10 KB.

Доколку си веќе A1 Припејд корисник на некоја од постојните тарифи, а сакаш да се префрлиш на A1 Pulse, сè што треба да направиш e да испратиш SMS на 14712 со текст Pulse, со што во првите наредни 30 дена автоматски ја добиваш A1 Pulse+ тарифната опција. За продолжување на користењето на A1 Pulse+ треба да направиш надополнување на сметката, во спротивно ќе продолжиш да ја користиш тарифата A1 Pulse.

A1 Pulse Цена (ден./мин.)
Кон сите национални мрежи 5,9
Воспоставување повик 2,9
ЅМЅ (ден./порака) кон сите национални мрежи 5,9
Интернет (ден./МВ) 5,9

Разговорите се тарифираат на минута, а интернетот се тарифира на секои 10 KB. 

 

A1 Пријатели – бесплатни разговори со сите A1 Припејд корисници

Доколку сакаш 30 дена да уживаш во бесплатни разговори со сите A1 Припејд корисници како A1 Pulse корисник, испрати SMS на 1464 со содржина START за да го активираш пакетот A1 Пријатели по цена од 59 ден. По истекот на 30 дена, пакетот автоматски се продолжува, сè додека корисникот не го деактивира. Доколку веќе не сакаш да зборуваш бесплатно со сите A1 Припејд корисници, пакетот A1 Пријатели може да го деактивираш со испраќање SMS на бројот 1464.

За да провериш до кога ти е валиден активираниот пакет A1 Пријатели, испрати SMS со текст STATUS на бројот 1464.