Неограничени разговори со сите Vip Припејд корисници

Во месецот на љубовта препушти се на неограничени разговори. Избери го пакетот Vip Duo и добиј 2 припејд SIM картички за само 399 денари и добиј неограничени разговори со сите Vip Припејд корисници. Секоја од двете припејд SIM-картички е со вклучени 101 денар кредит што може да биде искористен во следните 365 дена.
 
Со активација на SIM-картичката автоматски ја добиваш опцијата Vip Пријатели со која може неограничено да разговараш со сите Vip Припејд корисници еден месец. По истек на првиот месец опцијата се наплаќа 59 ден./месечно.
 
За да уживаш во сурфањето, овие SIM картички вклучуваат и 2GB интернет што може да го користиш во првата недела од активација на картичката. Доколку сакаш и понатаму да сурфаш, оваа опција се наплаќа 99 ден./неделно. Понудата важи само за Vip Pulse тарифата.
 
За повеќе информации јави се на 077 1234.