Избери Vip Припејд SIM картичка од 299 денари и добиј SIM картичка на која има кредит од 300 денари, или пак, избери Vip 2SIM за цена од 299 денари и добиj 2 SIM картички со промотивно двојно повеќе кредит од 300 денари на секоја од нив, наместо редовниот кредит од 150 денари.

Вклучениот кредит на Vip Припејд SIM картичките може да го користиш за што сакаш.

Сите нови корисници на Vip Припејд го добиваат пакетот со „Неограничени минути и SMS-пораки кон Vip и 200 MB", бесплатно, во првата недела.

Пакетот се обновува автоматски по 7 дена, по цена од 99 ден.

Валидност на Vip Припејд картичката

По активирањето на Vip Припејд картичката, таа ќе ти биде валидна 12 месеци, период во кој ќе можеш непречено да ја користиш за остварување повици, праќање и примање SMS/MMS пораки и за која било друга услуга што ја нуди Vip.

По истекот на активниот период од 12 месеци, можеш само да примаш повици и SMS пораки, како и да го користиш Припејд менито (1770) и Контакт центарот (077 1234) дополнителни 3 месеци.

Во текот на овие 3 месеци, можеш да направиш надополнување на кредит и со тоа ќе ја реактивираш својата Vip Припејд картичка.

Без разлика на твоите навики на трошење или твојот буџет, оне.Вип ти нуди неколку начини со кои можеш да ја дополниш твојата припејд сметка.

Со секое надополнување на сметката, валидноста на Vip Припејд картичката се продолжува во зависност од износот на надополнетиот кредит. За надополнет кредит од 100 денари, валидноста на твојата Vip Припејд картичка се продолжува за 90 дена, за надополнет кредит помеѓу 101 и 499 денари валидноста се продолжува за 180 дена, додека за надополнет кредит од 500 денари или повеќе, валидноста на картичката се продолжува за 12 месеци.

Проверка на кредит на Vip Припејд картичката

Проверка на состојбата на кредитот може да направиш:

  • преку USSD кратки кодови: *101# , по што ќе примиш порака со детали за состојбата и датумот на истекување; или
  • преку Припејд менито: сврти 1770, па притисни 1, по што ќе го чуеш износот на неискористениот кредит како и датумот кога ќе истече твојот кредит.