Начини на надополнување


Онлајн - преку веб услугата "надополни кредит"

Онлајн преку нашата веб услуга надополни кредит - Постапката за надополнување е едноставна, само следи ги чекорите што те водат низ процесот.

> Како да направам припејд надополнување преку веб-сајтот?


Надополнување со Vip хартиен ваучер

Ваучерите се достапни во различни вредности од 100, 200, 300, 500, 1000 денари.


> Како да направам припејд надополнување со хартиен ваучер преку USSD скратените кодови?
> Како да направам припејд надополнување со хартиен ваучер преку 1770?


Vip е-ваучер

Vip e-ваучер преку нашите продажни места: Vip центри, партнерски продавници и трафики - едноставно избери кој било износ помеѓу 100 и 5000 денари, и посети едно од продажните места кои овозможуваат надополнување со Vip е-ваучер.


Надополнување од Постпејд на Припејд

Можете да префрлите кредит од постпејд на припејд број на два начина:

1 - Со бесплатна SMS порака - испрати бесплатна SMS порака на бројот 1443 со содржина „DOPOLNI", додај ги бројот на Vip Припејд корисникот (07Х ХХХ ХХХ) и износот на кредитот ХХХ што сакаш да го префрлиш (минимум 100 денари и максимум 300 денари за едно надополнување). На пример, за префрлени 300 денари на бројот 077/123-456, SMS пораката треба да изгледа вака: DOPOLNI 077123456 300
2 - Преку услугата Мојот Vip (мобилна апликација или веб) - Во самото мени ја има услугата "префрли кредит", внесете ги потребните информации во полињата и притиснете "испрати"

> Како да префрлам кредит од постпејд на припејд број?

Услови за користење на услугата:

  • Услугата е достапна за сите Vip Постпејд корисници (освен VPN) кои најмалку 1 месец се во Vip, со сите платени сметки и без отворен долг;
  • со оваа услуга може да се префрли кредит на сите Vip Припејд корисници;
  • во текот на еден ден максималниот износ што може да се префрли изнесува 600 денари;
  • максималниот износ што може да се префрли во текот на еден месец изнесува 1.800 денари;
  • личната порака што се додава во содржината на SMS пораката не треба да биде подолга од 60 карактери

Надополнување преку банкомат

Надополнување може да направиш на кој било банкомат на НЛБ Банка или Стопанска Банка во Македонија, кога и да посакаш, 24 часа.

Сè што треба да направиш е да поседуваш картичка од која било банка, да ги следиш лесните чекори за надополнување на сметката кои се наведени на следниот линк и да ја надополниш твојата Vip Припејд сметка со износ помеѓу 100 и 5000 денари.

> Како да направам припејд надополнување преку банкомат?


SOS кредит

Кога немаш кредит, можеш да ја искористиш услугата SOS Кредит. Услугата овозможува да примиш кредит од 30 денари на твојата сметка. Сè што треба да направиш е да пратиш SMS со содржина SOS на бројот 144333. Доколку твоето барање е потврдено, 30 денари SOS Кредит ќе бидат префрлени веднаш на твојата сметка, по што ќе добиеш SMS известување. При следното надополнување од твојата сметка ќе бидат повлечени добиените 30 денари, како и 5 денари за пратената порака.

> Што означува услугата SOS Кредит?


SOS надополнување

Немаш кредит? Нема проблем! Vip и твоите пријатели се тука за тебе, со новата услуга ЅОЅ Надополнување. Кога ти е празна сметката, само испрати бесплатен ЅМЅ со кој ќе прашаш некого од своите пријатели да ти ја надополни.

Напиши го бројот на пријателот во формат 3897ххххххх или 07xxxxxxx и испрати бесплатна ЅМЅ порака на бројот 144222. Таа личност автоматски добива SMS што кажува дека ти сакаш тој или таа да ти ја надополни сметката, со упатства како да го направи тоа. Пораката можеш да им ја испратиш на сите Vip корисници, и припејд и постпејд.