Kaко Постпејд претплатник на оне.Вип, месечната сметка може да ја платите:

  • Online - со платежна картичка
  • Во пошта
  • Во која било банка
    • Пополнете поле ‘Трансакциска сметка на налогопримач' со една од наведените сметки на Вашата фактура
    • Пополнете поле ‘Повикување на број' со бројот на Вашата фактура
  • Во Vip центар
  • Во Vip партнерска продавница
  • Преку банкомат на Стопанска банка или банкомат на Тутунска банка – доколку плаќањето се изврши во работно време на платниот промет на банката, процесирањето ќе биде извршено следниот работен ден по 12 часот.

Дополнителни информации:

Банка Сметка
NLB Банка 210-0706831002-12
Стопанска банка 200-0029212758-54
Комерцијална банка 300-0000038962-35
Еуростандард банка 370-0012001476-60

Дополнително, Vip Ви овозможува да бидете инлформирани за состојбата на Вашата сметка во секое време, на следните начини:

  • Јавете се на 077 1278 и следете ги инструкциите во постпејд-менито. Цената на повик е 5,9 ден. со вклучен ДДВ.
  • Испратете SMS порака, со содржина „SMETKA" на бројот 1278 и ќе добиете повратна информација. Цената на пораката е 5,9 ден со вклучен ДДВ.

Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни/еднократни надоместоци или трошоци направени во роаминг.

Информација за отворена фактура за физички лица

Со оваа услуга, Vip Ви нуди можност да добиете податоци за Вашите Vip Постпејд фактури брзо и едноставно. Сè што треба да направите е да пратите SMS порака со каква било содржина на бесплатниот број 14500. 
Во повратна порака ќе добиете информација за фактурите (број на фактури, период, износ и вкупен износ) кои се однесуваат на претплатничките броеви за кои добивате заедничка фактура со претплатничкиот број од кој е испратена SMS пораката.

На овој начин, Вие во секое време имате едноставен преглед на сите Vip Постпејд сметки што се водат на Ваше име.