Специјална роаминг опција за A1 Постпејд

Активирајте ја специјалната роаминг опција и добијте една цена од 29 ден. за сите дојдовни повици од Европа, независно од должината на повикот, 29 ден. за минута појдовен повик и 29 ден. воспоставување на повик. Специјалната роаминг опција може да ја активирате со SMS-порака со текст START ROAM на 140 777.

Понудата е достапна за сите A1 Постпејд корисници. Активирањето на специјалната роаминг опција е бесплатно и ќе остане активна сè додека не ја деактивирате.

Специјалната роаминг опција може да ја деактивирате со SMS-порака со текст STOP ROAM на 140 777 во кој било A1 центар. Доколку ја активирате опцијата од Македонија, пораката за активација е бесплатна, а за активација или деактивација додека сте во роаминг, единствено се наплатува SMS-пораката по цена за порака пратена од роаминг.

Специјалната роаминг опција не може да се комбинира со регулирани цени во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина – доколку ја имате активирано, ќе продолжите да ги користите овие бенефиции, но доколку сакате да се префрлите на регулираните цени што важат за Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, пратете SMS-порака со текст REGROAM на 140799, со што ќе се деактивира Специјалната роаминг опција и ќе се применуваат регулираните цени во овие земји и стандардни роаминг цени во сите други земји.

Специјалната роаминг опција од 1.7.2021 не e повеќе достапна во земјите од Западен Балкан. Корисниците што ја имаат активирано или ќе ја активираат оваа опција, повеќе нема да можат да ја користат и за нив ќе важи регулативата за роаминг во земјите од Западен Балкан. Корисниците што ја имаат активирано оваа услуга, не треба да ја деактивираат кога ќе влезат во земјите од Западен Балкан. Дојдовните повици во земјите од Западен Балкан секако не се наплаќаат.

За информација за сите цени во роаминг кликнете тука.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.