Специјална роаминг опција за Vip Постпејд

Уживајте во летниот одмор, но бидете секогаш во контакт со оние на кои им недостасувате. Активирајте ја специјалната роаминг опција и добијте една цена од 29 ден. за сите дојдовни повици од Европа, независно од должината на повикот. Специјалната роаминг опција може да ја активирате со SMS-порака со текст START ROAM на 140 777 или во кој било Vip центар.

Понудата е достапна за сите Vip Постпејд корисници. Активирањето на специјалната роаминг опција е бесплатно и ќе остане активна сè додека не ја деактивирате.

Специјалната роаминг опција може да ја деактивирате со SMS-порака со текст STOP ROAM на 140 777 во кој било Vip центар. Доколку ја активирате опцијата од Македонија, пораката за активација е бесплатна, а за активација или деактивација додека сте во роаминг, единствено се наплатува SMS-пораката по цена за порака пратена од роаминг.

Специјалната роаминг опција не може да се комбинира со регулирани цени во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина – доколку ја имате активирано, ќе продолжите да ги користите овие бенефиции, но доколку сакате да се префрлите на регулираните цени што важат за Србија, Црна Гора и за Босна и Херцеговина, пратете SMS-порака со текст REGROAM на 140799, со што ќе се деактивира Специјалната роаминг опција и ќе се применуваат регулираните цени во овие земји и стандардни роаминг цени во сите други земји.

За информација за сите цени во роаминг кликнете тука.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.