Информации и цени

Доколку сакате да одберете мрежа по Ваш избор, наместо да бидете автоматски поврзани на некоја од мрежите, можете да влезете во менито на Вашиот телефон и да одберете рачен избор на мрежа. Меѓутоа, кога ја напуштате земјата, повторно ќе треба да ја промените мрежата.

Цени за Европа (без Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Русија)

  Појдовен повик Роаминг дојдовен повик Појдовен SMS Интернет(100 KB)
79 ден. 29 ден. 19 ден. 39 ден.
109 ден. 29 ден. 19 ден. 59 ден.

Цени за Свет (со Русија)

  Појдовен повик Роаминг дојдовен повик Појдовен SMS Интернет(100 KB)
179 ден. 79 ден. 29 ден. 79 ден.
219 ден. 79 ден. 29 ден. 99 ден.

Сателити

  Појдовен повик Роаминг дојдовен повик Појдовен SMS Интернет(100 KB)
219 ден. 99 ден. 59 ден. 99 ден.

Златни партнери се мобилни оператори во странство преку кои можете најповолно да разговарате додека ја користите нивната мрежа.

Сребрени партнери се останатите оператори во тие земји.

Информации за тарифирањето

  • Повиците се тарифираат на 60 секунди.
  • Интернет во роаминг се тарифира на секои 100КB.
  • Дојдовни SMS пораки не се наплаќаат.
  • Примените MMS пораки се наплаќаат по цената на сообраќај за Интернет. Испратените MMS пораки се наплаќаат по цената на сообраќај за Интернет, плус цената за испратена MMS порака според ценовникот за национален сообраќај. Една MMS порака може да содржи до 300 KB.

На следниов линк може да ги прегледате роаминг зоните, тарифите и роаминг партнерите.

Регулирани цени за роаминг во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, согласно со Одлука на Агенција за Електронски Комуникации
(важи од 01.07.2017)

Повик кон дома или Србија, Ц.Гора, БиХ (мин.) Роаминг дојдовен повик (мин.) СМС (појдовен) Интернет / МБ ММС (појдовен)

13,81

3,63

4,37

14,54
Се наплаќа согласно податочниот сообраќај што се пренесува

Цените се во денари со вклучен ДДВ и се однесуваат на сите оператори од наведените земји.

Интервалот на тарифирање за појдовни повици е 30/1 секунди, додека за дојдовни повици е 1/1 секунди.

Интервал на тарифирање за интернет е 1КB. Повиците кон другите земји надвор од балканските земји Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, се тарифираат согласно со стандардниот роаминг ценовник (или активиран пакет).

Дојдовни SMS пораки не се наплаќаат.

Тарифата важи за сите постојни и за нови постпејд корисници. Не е потребна дополнителна активација.

Корисниците што веќе користат поволности од Специјална роаминг опција, ќе продолжат да ги користат, но доколку сакаат да се префрлат на регулираните цени што важат за Србија, Црна Гора и за Босна и Херцеговина, треба да испратат SMS порака со текст REGROAM на 140799, со што ќе ги изгубат поволностите од Специјалната роаминг опција и ќе се применуваат регулираните цени во овие земји и стандардни роаминг цени во сите други земји. SMS пораката е бесплатна од Македонија, а доколку корисникот ја испрати од роаминг, се наплаќа согласно со цената за SMS порака утврдена во рамките на Специјалната роаминг опција.