Започнете ја учебната година безгрижно со MyKi Touch, нов детски смарт-часовник, кој е одлична забава за Вашето дете, но и сигурност за Вас како родител!

Бидете во тек со движењето и локацијата на Вашето дете, со помош на вградениот GPS-уред. MyKi Touch има и вградена SIM-картичка што Ви овозможува да зборувате со детето кога и да посакате. MyKi Touch има екран на допир во боја, како и заменливи ремчиња изработени од силикон во повеќе бои, кои се целосно безбедни за Вашето дете. MyKi Touch е лесен и практичен за користење, а со помош на SOS-копчето на часовникот, Вашето дете може брзо да Ве повика на Вашиот телефон.

Цена на часовникот
0 ден.
со тарифата Vip MyKi

Смарт-часовникот MyKi Touch е достапен по цена од 0 денари, со договор склучен за период од 24 месеци на тарифниот модел Vip MyKi со месечна претплата од 399 денари.

Доколку тарифата Vip MyKi ја вклучите во Vip Комбо 4 пакет, ќе добиете попуст од 100 денари на месечната претплата за тарифата Vip MyKi.

Тарифниот модел Vip MyKi вклучува 500 минути кон Vip, 50 минути кон други национални мрежи, 50 SMS кон сите мрежи и 250MB вклучен интернет за користење на смарт-часовникот.

Подарок за успешен почеток на учебната година! Со MyKi Touch промотивно ќе добиете подарок куферче со училиштен прибор.

Куферчето содржи темперни боички, дрвен молив, острилка, пластичен графитен молив, фломастери, дрвени боички, гумичка, самолеплива хартија во боја, палета, мрсни боички и блок 3 за цртање.

Количините на подарокот се ограничени, подарокот важи ограничен период.

Што Ви нуди MyKi Touch:

  • Екран на допир во боја - со MyKi Touch Вашето дете може да пристапи во секое мени само со допир на екранот, што го прави MyKi Touch интерактивен и едноставен за користење.
  • Заменливи силиконски ремчиња во повеќе бои, кои се целосно безбедни и со удобен дизајн за Вашето дете.
  • Избор на повеќе ринг-тонови.
  • Локација - со MyKi Touch секогаш знаете каде е Вашето дете, можете да го следите движењето на детето на Вашиот мобилен телефон, преку апликацијата MyKi Watch.
  • Повици - можете да дефинирате до 10 броеви со кои детето ќе комуницира преку часовникот. Со MyKi Touch Вашето дете е заштитено од несакани повици, бидејќи часовникот овозможува појдовни и дојдовни повици само со претходно дозволени броеви.
  • SOS-копче за брзо повикување - само со притискање на SOS-копчето, Вашето дете ќе може да Ви се јави и автоматски ќе Ви бидат пратени координатите на неговата локација.
  • Гласовни пораки - можете да примате и да испраќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
  • Сензор за допир/близина - благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.

Повеќе информации за функциите на смарт-часовникот можете да најдете на веб-страницата за MyKi.