MyKi е детски смарт-часовник од новата генерација, кој е одлична забава за Вашето дете, но и сигурност за Вас како родител! Со MyKi Вие сте секогаш во тек со движењето и локацијата на Вашето дете, со помош на вградениот GPS уред. MyKi има и вградена SIM картичка што Ви овозможува да зборувате со детето кога и да посакате. MyKi е лесен и практичен, а за сите ситуации тука е SOS копчето на часовникот со кое детето Ве повикува на Вашиот телефон.

Смарт-часовникот е достапен промотивно по цена од 0 денари во сите продажни места или со онлајн нарачка, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари за тарифата Vip MyKi.

Доколку тарифата Vip MyKi ја вклучите во Vip Комбо 4 пакет, ќе добиете попуст од 100 денари на месечната претплата за тарифата Vip MyKi.

Тарифниот модел Vip MyKi вклучува 500 минути кон Vip, 50 минути кон други национални мрежи, 50 SMS кон сите мрежи и 250MB вклучен интернет за користење на смарт-часовникот.

Функции на MyKi:

  • Локација - со MyKi секогаш знаете каде е Вашето дете, можете да го следите движењето на детето на Вашиот мобилен телефон, преку апликацијата MyKi Watch.
  • Повици - можете да дефинирате до 10 броеви со кои детето ќе комуницира преку часовникот. Со MyKi Вашето дете е заштитено од несакани повици,  бидејќи часовникот овозможува појдовни и дојдовни повици само со претходно дозволени броеви.
  • SOS копче за брзо повикување - само со притискање на SOS копчето, Вашето дете ќе може да Ви се јави и автоматски ќе Ви бидат испратени координатите на неговата локација.
  • Гласовни пораки - можете да примате и да испраќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
  • Сензор за допир/близина - благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.


Повеќе информации за функциите на смарт-часовникот можете да најдете на веб-страницата за MyKi www.myki.watch.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.