Vip Еко-активација, заедно се грижиме за природата

Поддржете ја иницијативата за поттикнување на еколошката свест и учествувајте во извлекувањето вредни награди.

Сe што треба да направите е да ја активирате услугата Електронска сметка со што Вашите месечни сметки наместо да ги добивате во хартиена форма по пошта ќе ги добивате во електронска форма на Вашиот e-mail.

На овој начин станувате учесник во еден од 2-тa наградни циклуси во кои доделуваме:

  • 60 прочистувачи на воздух Xiaomi Mi Air Purifier 2 во првиот награден циклус и
  • 35 велосипеди Max Alpine во вториот награден циклус.
Доколку активирате Електронска сметка и сметките ги плаќате онлајн (преку веб-страницата на линкот https://www.vip.mk/plati-smetka или преку апликацијата Мојот Vip), двојно ги зголемувате шансите за наградa. Право на учество имаат сите физички и правни лица.

Искористете ја шансата да освоите одлична награда.

Извлекување Право за учество имаат
I извлекување 31.01.2019 г.
Сите корисници на услугата Електронска сметка активирана
заклучно со 25.01.2019 година, а кои во претходните извлекувања
немаат добиено награда.
Сите корисници што направиле онлајн уплатa во периодот од
01.10.2018 до 25.01.2019 година.
II извлекување 31.05.2019 г.
Сите корисници на услугата Електронска сметка активирана
заклучно со 25.05.2019 година, а кои во во претходните
извлекувања немаат добиено награда.
Сите корисници со онлајн уплати во периодот од 26.01.2019 до
25.05.2019 година.

 

Извлекувањата ќе се одржат во просториите на Vip. Сите добитници на наградите ќе бидат контактирани со повик или преку SMS, а нивните имиња ќе бидат јавно објавени на официјалната Фејсбук-страница на Vip, како и на www.vip.mk. Добитникот на наградата треба да има активна Електронска сметка на денот на извлекувањето.

Активирајте ја услугата Електронска сметка на еден од следните начини:

  • со јавување во Контакт центар на бројот 077 1234,
  • во кој било Vip-центар,
  • со праќање SMS со содржина „START" на 140410, или
  • преку апликацијата Мојот Vip на Вашиот телефон или на Вашиот веб кориснички профил.

За учество во играта не е потребна никаква посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог) од страна на корисникот.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.