Активација на е-сметка

Дајте го својот придонес во зачувување на околината, со активирање на услугата Електронска сметка.

Со оваа услуга, сметката веќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата e-mail адреса ќе добиете:

  • број на фактура како и износот на Вашата месечна сметка
  • PDF документ од Вашата месечна фактура.

Услугата може да биде активирана на еден од следниве начини:

  • Со испраќање бесплатна SMS-порака со содржина START на 140410.
  • Со активација преку веб сервисот "Мојот Vip",
  • Со активација преку мобилната апликација "Мојот Vip" во делот „Мои сметки".

По активацијата, следната издадена сметка ќе Ви биде доставена на Вашата e-mail адреса.