Сè за обединувањето на брендовите

оне.Вип ДОО Скопје од 11 мај 2016 година ги нуди сите свои телекомуникациски услуги под брендот Vip: припејд и постпејд мобилна телефонија и мобилен интернет, 4-play услуги, кабелска телевизија, фиксна телефонија и fiber-powered интернет, дигитална телевизија, како и напредни ИКТ-решенија. 

 

Која мрежа ќе треба да ја одберам со мојата ONE сим картичка од 11.05.2016?

Се додека не направите замена на Сим картичка ќе треба да ја одберете мрежата на Оне, дотогаш мрежата се одбира во зависност од Сим картичката, ONE Сим картичка– Оне мрежа, Vip Сим картичка – Vip мрежа.

 

Дали корисниците ќе треба да потпишуваат нови договори?

Не. Досегашните корисници на Близу, ОНЕ и Вип оператор продолжуваат да ги користат услугите под исти услови и со исти цени, согласно со претплатничкиот договор и избраниот тарифен модел и преку истата веќе доделена комуникациска опрема, при што оне.Вип настапува како нивни Oператор за обезбедување на комуникациски услуги со сите права и обврски од склучените претплатнички договори.

 

Дали брендовите Оне, Вип и Близу ќе постојат и во иднина?

Не, од 11.05.2016 ќе постои само еден брeнд – Vip.

 

Кој број за Контакт Центар ќе се користи и ќе биде активен за сите корисници?

Бројот на контакт центарот ќе биде 077 1234.

 

Дали ќе се наплаќа повикот кон контакт центар?

За сите постпејд корисници на оне.Вип цената е 0 МКД а за сите припејд 1,18 МКД.

 

Како ќе се тарифираат повиците помеѓу ONE/Vip/blizoo?

Повиците помеѓу ONE, Vip и blizoo ќе се тарифираат како повици во сопствена мрежа (во зависност од цената/вклучените минути наведени во тарифниот модел кон сопствена мрежа).

Кои веб-сајтови ќе бидат активни од 11.05.2016?

 

На која веб страна ќе може да се прави припејд регистрација?

www.vip.mk ќе биде единствената официјална веб страна и на истата ќе може да се прави регистрација.

 

Дали сите постпејд корисници ќе можат да користат 4G со постоечката СИМ картичка и дали ќе треба да се прави промена на СИМ картичка за да се користи 4G LTE на мобилен?

Не, ONE постпејд корисниците за да користат 4G ќе треба да направат промена кон тарифа на Vip тарифен модел кој вклучува 4G  и промена на SIM картичка.

 

Каде корисниците на Оне и Близу ќе можат да ја проверат својата електронска сметка?

Постоечките платформи ќе продолжат да важат, само ќе бидат ре-брендирани. Истите ќе може да ги најдете тука > www.vip.mk/mojot-vip  каде што ќе треба да одбере соодветен профил (за ОНЕ тарифни модели или Близу тарифни модели)

 

Дали корисници на оне.Вип можат онлајн да ја плаќаат својата сметка?

Да, сите корисници на оне.Вип ДОО можат своите сметки да ги плаќаат онлајн – на еден од двата начини:

1) Преку порталот Мојот Vip

Во зависност од тоа која тарифа ја користите и каква SIM картичка имате во Вашиот уред достапни ви се три кориснички платформи:

  • Мојот Вип за тарифи на Vip
  • Мојот Вип за тарифи на ОНЕ
  • Мојот Вип за тарифи на blizoo

2) Со услугата плати-сметка е достапна за сите корисници на оне.Вип ДОО, без разлика кој тарифен модел го користат – потребно е само да го внесете бројот на фактурата и валидна e-mail адреса на која ќе Ви пристигне порака за успешна уплата.

 

Дали сите корисници можат имаат онлајн увид на своите сметки?

Да, може да имате онлајн увид во Вашата сметка – за да го постигнете истото потребно е да се регистрирате на платформите Мојот Vip.* На секоја од платформите е достапна услугата “Сметка”.

Во зависност од тоа која тарифа ја користите и каква SIM картичка имате во Вашиот уред достапни ви се три кориснички платформи:

  • Мојот Вип за тарифи на Vip
  • Мојот Вип за тарифи на ОНЕ
  • Мојот Вип за тарифи на blizoo 

 

Дали корисниците ќе треба да прават промена на број?

Не промена на број не е потребно да се прави.

 

Дали мојот договор е сеуште валиден или завршува со формирањето на новата компанија?

Да, постоечките договори се сеуште валидни и обврзувачкиот период не престанува да важи со формирање на новата компанија. Новата компанија (оне.Вип) е правен наследник кој ги превзема сите права, обврски и имот на неговите правни претходници (Близу, ОНЕ и Вип Оператор), вклучувајќи го и правото да биде странка во склучените претплатнички договори. Соодветно, важечките Договори склучени меѓу Претплатниците и ОНЕ, Вип оператор и/или Близу, продолжуваат да важат согласно со одредбите утврдени во истите, меѓу Претплатникот и оне.Вип. Претплатниците продолжуваата да ги користат услугите под исти услови и со исти цени, согласно со претплатничкиот договор и избраниот тарифен модел и преку истата веќе доделена комуникациска опрема, при што оне.Вип настапува како нивни Оператор.

 

Koj број на СМС центар ќе важи од 11.05.2016?

Исто како и до сега, корисници со ONE Сим картичка - 075000200, корисниците со Vip Сим картичка – 077000301

 

Дали ќе има промена во интернет и ММС нагодувањата (APN settings) за телефоните?

Не, за почеток нема да има промена во поставките.

Дали сте задоволни од одговорот?