Како да направите прескенирање на каналите кај DVBT ресиверот STRONG SRT8420?

Доколку сакате да направите прескенирање на каналите, погледнете го видеотуторијалот или пак следете ги чекорите опишани подолу.

  1. Притиснете го копчето “MENU” на далечинскиот управувач.
  2. Со помош на навигациските копчиња лево и десно од далечинскиот управувач, побарајте го менито “Канали“.
  3. Доколку сакате да направите брзо пребарување на каналите, одберете ја опцијата “Пребарување на канали“, каде ресиверот ќе направи брзо пребарување на каналите и поставките на ресиверот ќе останат непроменети.
  4. Одберете ја опцијата “Пребарување на каналите“ и притиснете ОК.
  5. Ќе се појави информативниот екран “Пребарување канали“.
  6. Притиснете ОК и ресиверот ќе започне пребарување кое ќе заврши за 30-сетина секунди.
  7. После извршеното пребарување на каналите, системот ќе Ве врати на почетниот прв канал.
  8. Доколку сакате да ги избришете сите канали и да направите целосно пребарување, одберете ја опцијата “Избриши ги сите“, каде ресиверот ќе ги избрише сите канали, и ќе започне целосно пребарување на каналите, но поставките на ресиверот ќе останат непроменети. Оваа опција најчесто се користи доколку го префрлите ресиверот надвор од местото на живеење во друг град или област, каде распоредот на каналите е различен.
  9. Притиснете го копчето “MENU” на далечинскиот управувач.
  10. Од менито, одберете ја опцијата “Избриши ги сите“, и притиснете ОК.
  11. Системот од Вас ќе побара да внесете ПИН код, кој доколку не сте го промениле, е четири нули (0000).
  12. Ресиверот ќе ги избрише сите канали и ќе се прикаже екранот “Водич за инсталација“.
  13. Со навигациските копчиња лево-десно, одберете го јазикот на кој ќе се прикажува менито и притиснете ОК.
  14. Ќе се појави информативниот екран “Пребарување“, каде за неколку минути ќе се изврши целосно пребарување на каналите.

После извршеното пребарување, системот ќе Ве извести за пронајдениот број канали, и автоматски ќе Ве врати на почетниот прв канал.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања