Зошто интернетот на телефонот се троши брзо?

Зошто интернетот на телефонот се троши брзо?

  • Паметните телефони со своите конфигурации имаат капацитет за извршување повеќе функции истовремено.
  • Апликациите што се инсталирани на телефонот, нивното користење и update, го трошат вклучениот интернет во тарифата со брзина што ја има тарифниот модел што го има корисникот.
  • Секојдневните новитети на апликациите како Facebook, Instagram, Snapchat имаат потреба од зголемен волумен на интернет. Видеата на You Tube се во HD-резолуција, видеата што се поставени на Facebook автоматски се вклучуваат без да се притисне “Play”, опцијата Story на Instagram од еден преглед може да потроши до 30MB, во зависност од резолуцијата и големината.  Во табелата подолу се наведени примери за тоа колку МБ се троши гледање на видео

    Резолуција

    kbps bitrate

    10min видео искористува [MB]

    1h& гледање на видео искористува [MB]

    240p

    428 - 828

    31.3-60.6

    188.1-363.9

    360p

    528 - 1128

    38.7-82.6

    232-495.7

    480p

     628 - 2128

    46-155.9

    276-935.2

    720p

    1628 - 4128

    119.2-302.3

    715.4-1814.1

    1080p

    3128 - 6128

    229.1-448.8

    1374.6-2693

    1080@60fps

    4628 - 9128

    339-668.6

    2033.8-4011.3

  • Секојдневно опциите на апликациите се надградуваат, сите ние ги користиме, а тоа доведува до зголемена потреба од интернет-волумен.
  • Опцијата “Data usage” овозможува кај секој модел на телефон да се провери кои од апликациите што ги користиме трошат најмногу интернет.
  • Во случај корисникот да користи WiFi конекција , при слаб сигнал на WiFi конекцијата, интернетот сообраќајот ќе се префрли преку mobile data и ќе се наплатува соодветно тарифниот модел или активираниот интернет пакет. Затоа е секогаш добро при користење на WiFi да се исклучи mobile data  на самиот телефон
  • Опцијата за Tethering (mobile data sharing, hotspot) да биде disabled доколку не се користи. Овој интернет сообрќај може да не се прикажува на internal counter од апликацијата на телефонот
  • Препорака е исто така корисникот секогаш да ги исклучи автоматски update на оперативниот систем на телефонот и на сите апликации се додека не се поврзе на WiFi мрежа 

Нагодувања за Android

Data usage

Проверка на “data usage” –која апликација најмногу троши во менито “Settings”

You Tube

HD видеоприказ во You Tube апликацијата при користење мобилен интернет - деактивација. Видеото ќе биде прикажано во помала резолуција и нема автоматски да стартува ново видео, додека на Wi-Fi ќе се прикажува во HD-резолуција.

Facebook

Facebook нагодувања за видеа, кои автоматски стартуваат

Instagram

Instagram нагодувања за приказ на слики и видеа со помала резолуција при користење мобилен интернет

Нагодувања за Apple

Data usage

Проверка на “data usage” – која апликација користи mobile data. Во менито “Settings” се клика на Cellular и во делот Use cellular data for: корисникот гледа за која апликација користи mobile data.

You Tube

HD видеоприказ во You Tube апликацијата при користење мобилен интернет - деактивација. Видеото ќе биде прикажано во помала резолуција и нема автоматски да се стартува ново видео, додека на Wi-Fi ќе се прикажува во HD-резолуција.

Се отвора You Tube и се клика горе десно на
Потоа се клика на Settings и во тој дел потребное да се вклучи: Play HD on Wi-Fi only

Facebook

Facebook нагодувања за видеа, кои автоматски стартуваат

Се отвора FB апликaцијата и се клика на
Потоа се клика на Account Settings/Videos and photos
Во делот Autoplay треба да стои On Wi-Fi Connections only

Instagram

Instagram нагодувања за приказ на слики и видеа со помала резолуција при користење мобилен интернет

Горе десно во самиот профил се клика на Options
Потоа се клика на Cellular data usage
И се вклучува Use Less Data

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања