Како да станете Vip Комбо корисник?

Изберете Vip Комбо пакет што најмногу одговара на Вашите семејни потреби и уживајте во предностите што само Vip Комбо Ви ги овозможува – комплетно HD искуство со најголем избор на HD канали за сите ТВ приклучоци, супер-брз fiberpower интернет, како и неограничена фиксна и мобилна комуникација.

1) Активација/нарачка на пакетот - пакетите може да ги нарачате со бесплатно јавување на 0800 78 787, преку онлајн формата или во продажен салон на Vip.

2) Се потврдува техничка можност за инсталација на бараната адреса. Активацијата се проследува само доколку се утврди дека на бараната адреса има техничка можност за инсталација на опремата.

3) Доколку постои техничка можност - се потпишува договор за пакетот, по што се активираат мобилните линии со уреди што следуваат за тарифата. (доколку пакетот го активирате/нарачувате во продажен салон)
*Доколку го нарачувате пакетот онлајн или со јавување на 0800 78 787 - ќе бидете контактирани од нашите агенти за техничката можност и понатамошните чекори.

4) Во рок од 24 часа, техничко лице на Vip одговорно за инсталација го контактира корисникот за договарање термин за инсталација.

5) Со завршувањето на инсталацијата, се активира телевизија, интернет и фиксна линија за разговори.

 

Доколку користите Vip број и сакате да станете Vip Комбо корисник, сè што треба е дополнително да активирате пакет со фиксни услуги (интернет, фиксна телефонија и телевизија.) Постојната мобилна линија ќе се вклучи во Vip Комбо пакетот.

Со сите овие пакети може да се активира и дополнителен ТВ-приклучок, со тоа што максимумот е 3 ТВ-приклучоци по пакет, при што за секој дополнителен ТВ-приклучок се плаќа месечен надоместок.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања