Која технологија се користи во Vip TV Lite пакетите?

Vip TV Lite услугата користи DVB-T (Digital Video Broadcasting – Terrestrial) технологија за безжично емитување на дигитална телевизија. За да ја користите оваа услуга, потребно е да имате DVB-T покриеност во реонот каде што ќе се користи уредот. Видете ја мапата на покриеност за DVB-T.

При потпишување на договорот, ќе Ви биде доделен DVB-T ресивер, кој за да го користите ќе треба да го поврзете со внатрешна антена или според наша препорака доколку имате можност, со надворешна антена. Доколку имате повеќе од еден DVB-T уред, потребно е секој посебно да биде поврзан со внатрешна или надворешна антена.

Повеќе прашања и одговори можете да најдете тука.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања