Потешкотии со Vip TV Lite (претходно BoomTV)

Приемникот не може да најде канали.

Проверете го приклучокот на антената и на приемникот. Преместете ја антената и проверете го сигналот.

Имам порака за грешка и ми се појавува црн екран.

Mени - Подесување - Технички нагодувања - Започни пребарување - Каналите ќе се прикажат по пребарувањето - Изберете „Сочувај канал“ за да ја сочувате листата со канали.

Сликата е замрзната и нејасна.

Проверете го поврзувањето со приемникот и повторно пребарајте канали.

Имам проблеми со боите на екранот, доминира одредена боја, има црно-бела слика или нема никаква слика, а се слуша звук во заднина.

Најпрво треба да се провери дали скарт-кабелот е добро поврзан (до крај) на сет-топ боксот и на ТВ-приемникот. Доколку е правилно поврзан, а сè уште не се појавува ништо, треба да се провери со друг скарт-кабел. Ако и со новиот скарт-кабел проблемот сè уште постои или, пак, доколку немате друг скарт-кабел, тогаш потребно е сет-топ боксот да го замените во салон.

Имам проблеми со звукот на одредени канали, се појавува зуење, има слаб или никаков звук.

Доколку постои зуење во заднина или, пак, слаб звук, корисникот најпрво треба да го намали звукот на далечинскиот управувач од ТВ-приемникот, а да се зголеми звукот на далечинскиот управувач од дигиталниот приемник.

Друга можност е да се извади скартот од дигиталниот приемник од позиција TV и да се премести на позиција AUX. На овој начин звукот се регулира исклучиво преку далечинскиот управувач од ТВ-приемникот.

Далечинскиот управувач не функционира?

Насочете го далечинскиот управувач кон приемникот. Проверете ги батериите дали се вметнати правилно и да не случајно се потрошени.

Имам поинаков / друг проблем со мојот BoomTV уред.

Во случај на каков било друг проблем, ресетирајте го уредот. Во систем изберете фабричко ресетирање. Со ова ќе се изгубат сите канали и нагодувања што сте ги направиле досега.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања