Упатство за поврзување на SAGEM ITAD83SD DVBT ресивер за Vip TV Lite пакет (претходно BoomTV)

1) Распакувајте

Кутијата треба да содржи:

  • дигитален приемник
  • програмска картичка
  • адаптер за струја
  • скарт-кабел
  • далечински управувач
  • батерии
  • упатство за употреба.

 

Слика 1.

Слика 2.


2) Поврзете

  • Со телевизор:
    • Едната страна од скарт кабелот се вклучува во приемникот во приклучницата со знак „ТV“ (број 8 на сликата), а другата во скарт приклучницата на вашиот телевизор.
  • Со антена:
    • Поврзете го кабелот од антената во влезната антенска приклучница (број 10 на сликата) на приемникот.
  • Со струја:
    • Приклучете го адаптерот во 220V  a другиот крај во 12-волтната (12V) приклучница на приемникот (број 5).

Проверка

Откако приемникот физички ќе го поврзете проверете дали е во склад со сликата.
 

3) Барање канали

  • Програмска картичка
    • Вметнете ја програмската картичка во дигиталниот приемник со чипот нагоре (како на сликата).
  • Вклучување
  • Вклучете го телевизорот
  • Вклучете го приемникот со BoomTV далечинскиот управувач.
  • Следете го водичот на екранот и приемникот ќе почне да ги пребарува достапните дигитални канали. Ова може да потрае неколку минути.
  • Барање дигитални канали

Напомена: Kаналите се следат на EXT1, EXT2... или AV-влезот на Вашиот телевизор.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања