Потешкотии со дигиталната телевизија

На дел од каналите се појавува „Нема пристап 5

Проверете дали каналот Ви е вклучен во пакетот за кој сте претплатени. Во секое време можете да го надградите Вашиот пакет со некоја од актуелните понуди.

Ако на каналот МТВ 1, кој е прв на листата, се појави натпис „Нема пристап 5“, откако сте се префрлиле на поголем пакет, следете ги чекорите опишани подолу:

Одберете го каналот МТВ 1 и оставете го приемникот да работи 5-10 минути, без да смените канал. Откако ќе се појави логото на МТВ 1, проверете ги и одругите канали – би требало да се отклучени и сè да работи нормално.

Рестартирајте го рисиверот, со тоа што ќе го исклучите од струја и повторно ќе го вклучите.
 

На сите канали се појавува „Грешка со картичката

  • Проверете дали картичката е правилно ставена со чипот надолу и стрелката напред .
  • Исчистете го чипот убаво, со сув материјал.
  • Рестартирајте го рисиверот, со тоа што ќе го исклучите од струја и повторно ќе го вклучите.
     

На некои или на сите канали пишува „Нема сигнал и телефон 089011011

  • Проверете дали белиот коаксијален кабел е добро поставен во влезот „RF in“ на дигиталниот рисивер по распакувањето и поставувањето
  • Ако првиот чекор не помогне, потребно е Вашиот приемник да се рестартира
     

Рисиверот не се вклучува и не свети ниту една сијаличка

  • Рестартирајте го дигиталниот приемник од струја.
  • Проверете дали приемникот е вклучен во струја.
  • Проверете дали е добро поврзан приклучокот од адаптерот за струја во самиот дигитален приемник
     

Се губи (коцка) сликата на сите канали

  • Проверете дали белиот коаксијален кабел е правилно приклучен во „RF in“ влезот од рисиверот
  • Ако кабелот е добро поврзан, но проблемот останува, направете проверка на нивото и на квалитетот на сигналот, следејќи ги следниве чекори:

1: Притиснете на копчето „MENU“ од далечинскиот управувач на дигиталниот рисивер за да пристапите во главното мени;

2: Сo стрелката надолу префрлете на „Настройки“ (Settings) и потврдете со „ОК“;

3: Повторно со стрелката надолу префрлете на „Инсталирање“ (Installation) и потврдете со „ОК“. Треба да внесете ПИН-код „0000“;

Објаснување: Ако сте го промениле ПИН-кодот по Ваша желба со друга комбинација од цифри, треба да го внесете во полето „Factory pin“.

4: Сo стрелката надолу изберете „factory settings“ и потврдете сo„ОК“. Со стрелката надесно одберете „Да“ и потврдете со „ОК“. Ќе Ви се појави натпис „Please wait“;

5: Ќе видите табличка со параметри за приспособување на приемникот.

  • Проверете дали се внесени фреквенција и честота на симболи. Можете да менувате со стрелките нагоре и надолу и да внесувате со помош на бројчаната тастатура;
  • Проверете ги нивото и квалитетот на сигналот. Ако се 0%, проверете дали коаксијалниот кабел е правилно вклучен во рисиверот.

ВАЖНО: Нивото на сигналот треба да е над 32%, а квалитетот да варира меѓу 90-99%! Доколку нивото и квалитетот на сигналот се под нормалните вредности, јавете се на 089 011 011 за да добиете професионална поддршка од техничко лице.
 

Нема слика/звук на некој од каналите

  • Проверете да не сте притиснале случајно на копчето„Mute“ (копче за исклучување на звукот) од далечинското на телевизорот или дигиталниот приемник.
  • Рестартирајте го дигиталниот приемник, со тоа што ќе го исклучите од струја десетина секунди и повторно ќе го вклучите
  • Извадете го ВашиотHDMI/Scart кабел од телевизорот и од дигиталниот рисивер и поставете го повторно

 

Преовладува една боја на сликата или сликата е црно-бела

Извадете го Вашиот HDMI/Scart кабел од телевизорот и од дигиталниот рисивер и вратете го повторно.

На сликата се појавуваат црни линии од горе накај надолу и обратно

  • Уверете се дека линиите се појавуваат само на еден канал. Доколку е така, проблемот е во преносот на самиот канал.
  • Ако линиите се појавуваат на сите канали, неопходно е да го смените форматот на сликата на 16:9 или 4:3
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања